НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катица Јанева осудена на 7 години затвор, Бојан Јовановски-Боки 13 доби 9 години затвор

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот донесе пресуда за предметот „Рекет“ и го осуди Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 години затвор, додека на Катица Јанева и одреди 7 години затвор. Судијката Васка Николовска-Масевска кажа дека судечкиот совет ги ценел сите олеснителни и отежителни околности на сега осудените. Во судската сала присутен беше Јовановски, но не и Јанева, која претходно до судот доставила барање за да не биде спроведувана од нејзиниот дом каде издржува мерка куќен притвор.

Виновни се затоа што во периодот од ноември 2018 година до април 2019 година, обвинетиот Бојан Јовановски со искористување на своето влијание над Катица Јанева која е јавен обвинител во СЈО, преку претходни пријателски односи, влијаел да му се одреди поблага мерка куќен притвор, а притворот бил предложен и одобрен, да му се укине мерката претпазливост, да биде заштитен сведок. Во ова учествувал и осудениот Зоран Милески-Кичеец со договарање на средби. За посредувањето добиле 1.5 милиони евра“, рече Масевска.

Судијката објасни дека Јанева за себе прибавила предмети и пари, со незаконското постапување како прв човек на Специјалното јавно обвинителство.

Катица Јанева го прифатила влијанието од Јовановски и како јавен обвинител ја искористила својата службена положба и ги пречекорила границите на своето овластување. Таа за себе набавила предмети, мебел кој за неа го набавил Бојан Јовановски пари во износ од 50 илјади евра. Бојан Јовановски и Зоран Милески побарале 500.000 евра од Ана Камчева и таа им ги дала парите, а Јанева дала предлог да се укине мерката на Камчев и да му се одреди мерка куќен притвор. Апелациониот суд донел одлука за куќен притвор, а за време на нејзиното одржување, Јовановски и Милески го посетувале во неговиот дом. Катица Јанева била вклучувана на спикерфон, а велела дека обвинителката која го работи случајот ќе постапува како што ќе каже таа“, додаде судијката.

На Јовановски му беа ставени на товар две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар, односно, перење пари и други приноси од казниво дело. Јанева пак, Обвинителството ја товари за злоупотреба на службената положба и овластување, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години. Милески-Кичеец беше веднаш осуден на три години затвор за примање награда за противзаконско влијание, по претходно признавање на вина.

Обвинението против Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески-Кичеец беше поднесено во октомври минатата година од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Половина година траеше судењето за случајот „Рекет“ – рочиште по рочиште, вкупно 36. Јовановски се жалеше на лоша здравствена состојба, бараше домашен притвор, а Јанева со качулка на главата беше пренесена во домашен притвор.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.