НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парите од рекетот барајте ги кај Томи Хилфигер

0
By Биљана Секуловска on June 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апсурдот со сагата за Боки 13 никако да заврши, клопчето само се заврзува и се замрсува уште повеќе околу нашиов јунак, кој никако да сфати што навистина се случува. Последните негови зборови, оние на одбраната, во неговиот замислен, иреален свет одекнаа како бомба- “Парите од рекетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви”.

Неверојатно, каков збуричкан расплет треснав, си помисли самозадоволно тој, шушкајќи со кесата на Томи Хилфигер, која разочарувачки зборува за шопинг падот на една прерано овената ѕвезда.

Но, интелигенцијата секако дека не е јака страна на нашиов јунак, иако некои се колнат дека токму тоа се столбовите на неговиот давидкоперфилдовски живот. Во ред, но каква е таа стратегија на обвинет, сосема сулуда, да ја заплеткува  самиот околу сопствените раце и нозе, додека самите од болка не се отсечат. Го одврзува јазикот тогаш кога веќе е предоцна, кога ништо од сево ова не е смешно, ниту забавно, како што и на почетокот и не беше, воопшто.

Наместо тоа да му бидат првите зборови на одбраната, да уништи сè пред себе, тој го избра самоуништувањето во сета таа фарса.

Обвинувањето кон Заеви  во тие први моменти ќе му овозможеа секако нова истрага, ќе понудеше цврсти и несоборливи докази, ќе предизвикаше политички земјотрес, ќе паѓаа еден по еден сите фигури на шаховската табла која ја резбаше филигрански, додека оперираше низ политичките и бизнис подземја. Да ги имаше тие докази секако дека ќе беа главната тема на овој процес, наместо сегашното празно блебетење, испуштање шупливи зборови кои се губат и пред воопшто да бидат испуштени тие звуци.

Затоа што, тоа ќе беше потенцијално олеснување, дури и она за што мечтае, сигурно ослободување, враќање на круната на местото каде што и припаѓа, точно врз неговата глава, овојпат закована со шајки, никогаш повторно да не се слизне и да заврши во други, покриминално цврсти глави.

Но, не- тој ја одбра најневеројатната стратегија од сите можни и разбирливи- да се брани со молчење во истрагата, стоички како мумија да поднесува секакви обвинувања, да дозволува да го сецираат, дури и да им ги подава органите, а тој само немо да се посматра отстрана. Можеби имаше надеж дека тишината ќе грми и на некој непознат, худиновски начин, ќе се слушне неговиот вресок закопан во средината на грлото, кое е зарибано од немите звуци.

Неговите главни зборови на одбраната отсекогаш беа дека е политички прогонет, за што и единствено може да му се верува, судејќи според идните пророштва со кои се расфрла блажено, апелирајќи да гледаме во него иден лидер, грамада како Тито, иднина во која дури и спомениците ќе плачат од неговата политичка тежина.

Приказни кои како конфети ги посипува и ги голта веројатно тајно, како шарени пилули, еднакво како и ние, кога во неверица, како во полусон слушаме и читаме дека државата, значи ние, треба да му ги вратиме оние еден и пол милион евра на Орце Камчев, изрекетирани претходно од Боки 13. Иако, ако некому воопшто и му е важно, не се видоа докази дека навистина некој воопшто ги зема тие пари, освен што беа понудени фотографии со евра и нечии прсти, и потоа и видео со торба Луј Витон, со која заминуваат од домот на Камчев нашите јунаци- Боки 13 и Зоки Кичеец.

Оттука, во овој апсурд сме турнати сите, од оваа мешаница никогаш нема да се извлечеме и добро е што е така, затоа што ние можеме се да провлечкаме врз грбот. Секакви полу-светови, подземја и кртови кои раскопуваат се околу нас, за наместо криминалците, ние да плаќаме за бедата со која нè опружиле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.