Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери денеска во Атина каде ќе се сретне со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос, јави дописникот на МИА од Атина.
Посетата на Џафери на Атина прво беше закажана за декември минатата година, но во последен момент беше одложена затоа што Аврамопулос замина на погребот на Нелсон Мандела.
Двајацата министри за одбрана последен пат се сретнаа со октомври минатата година, во Брисел, на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО и не-НАТО земјите кои се контрибутори во силите ИСАФ во Авганистан.
На средбата беа потврдени желбите за јакнење на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, а соговорниците заеднички ја потврдија и вредноста на дијалогот во надминувањето на сите предизвици и јакнењето на соработката.




