Покана за членство на Република Македонија во НАТО ќе биде испратена штом ќе биде најдено заеднички прифатливо решение за прашањето за името на земјата со Грција, повтори генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во годишниот извештај.
Во извештајот на Расмусен, кој денеска на прес-конференција во Брисел го престави пред новинарите, се наведува дека Алијансата ќе одржува посебно тесни врски со сите четири земји-кандидати: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Грузија, јавува МИА.
– Во 2013 година е постигнат одличен прогрес во исполнувањето на стандардите на НАТО, но потребен е понатамошен прогрес за овие земји да станат членки на Алијансата, се наведува во овој дел од извештајот на Расмусен, каде за Македонија е поставено решавање на прашање на името како единствена блокада за и официјално да стане членка.




