Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски од Ресен со обврза за градење силна економија.
– Се обврзуваме на силна економија, а не онаа лажлива како што ја ветуваше СДСМ, сетете се на Фејсбук Гугл, на оној мистичен инвеститор кој ни го откриваа новинарите блиски до власта и велеа дека тоа е Фолксваген . На скалата на Транспарентност интернационал Македонија е на 106 место се обврзуваме дека во еден мандат Македонија ќе биде во првата третина на скалата на транспарентност интернационал, правда без исклучок без разлика кој се огрешил пред законите, дали тоа бил ВМРО ДПМНЕ дали тоа бил СДСМ дали тоа бил ДУИ дали Алијанса на Албанците или некој друг политички определен или неопределен правдата мора да владее и мора секој да ги почитува законите и Уставот, рече Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вети дека онаму каде што има и најмала индиција за сторен криминал правдата најпрвин ќе затропа кај тие кој што го сториле тој криминал и да бидат свесни сите оние кои што три години токсично се богатеа на маката на овој народ.
– Народот е исправен нема веќе народ со свиткана кичма како што велеше Зоран Заев во 2008. Сега е моментот на 15 јули сите заедно масовно да излеземе горди достоинствени уште рано наутро и да ја поддржиме листата предводена од маестро Дурловски да ја поддржиме победничката листа на Коалицијата „За обнова на Македонија да го заокружиме бројот 14 и да ја спасиме оваа наша Македонија напатена вековна потоа да ги засукаме ракавите и истата оваа да ја обновиме, нагласи Мицкоски




