НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Морталитетот над наталитетот: Лани повеќе починати од родени лица

0
By Нова ТВ on June 26, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: stat.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лани во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, се евидентирани 19.845 живородени лица и 20.446 смртни случаи за негативен пририден прираст од 601 лице. Бројот на родени деца во градските подрачја изнесува 11.772 или 59,3 отсто од вкупниот број наспроти 8.073 деца или 40,7 проценти во руралните средини.

Најголемо учество во однос на вкупниот број на раѓања по региони има Скопскиот со 38,1 отсто, а со најмало е Источниот регион со 6,3 проценти. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години наспроти 28,2 години во селските подрачја.

Бројот на починати лица во градските подрачја изнесува 12.831 или 62,8 отсто наспроти 7.615 починати лица или 37,2 проценти во руралните подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони има Скопскиот со 29,9 отсто, а со најмало е Североисточниот регион со 8,1 процент. Бројот на починати доенчиња во градските подрачја е 66, додека во руралните средини 46.

Просечната возраст на починатите лица во градските подрачја изнесува 73,7 години наспроти 73,8 години во руралните.

Природниот прираст кај населението од градските подрачја е негативен и изнесува – 1.059 лица наспроти позитивниот природен прираст во селските подрачја кој изнесува 458 лица. Во шест региони, според Државниот Завод за статистика, има појава на негативен природен прираст и тоа во Вардарскиот, во Источниот, во Југозападниот, во Југоисточниот, во Пелагонискиот и во Североисточниот регион.

Податоците за внатрешните миграции на ниво на регион покажуваат дека најголемо учество од 36,3 отсто имаат преселбите од село во град, додека меѓуградските преселби учествуваат со 8,2 отсто. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 51,8 проценти, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби кои учествуваат сo 61,5 отсто.

Билансот на надворешни миграции е најголем во Скопскиот Регион (1.233), а најмало во Југоисточниот Регион (58).

Државен завод за статистика Морталитет наталитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.