Цел тим од осум вработени Клиничка биохемија во ГОБ“8 Септември“ се ставени во самоизолација откако еден од нив се покажал позитивен на коронавирус. Таму два тима од по осум лаборатни одат во две смени. Сега се преполовени. Пет тимови по двајца лаборанти се задолжени да земаат бриsеви за Ковид.
И двајца лекари од Итната медицинска помош се заболени со Ковид-19. Тие се на домашно лекување со лесна клиничка слика. Со еден од нив со кој НОВА, стапи во контакт вели дека нема други вработени во изолација бидејќи биле со заштитна опрема, со што вели не е загрозена сугурноста на останатиот медицински персонал.
Сепак, во текот на работното време и тие имаат време за пауза и доручек, кога ја тргаат заштитната опрема, скафандерите од себе.
Ситуацијата се комплицира во сите јавни здравствени установи, а се повеќе вработени од медицинскиот персонал заболуваат, додека поголеми групи одат во самоизолација. Најкритично е во ГОБ„ 8 Септември“ и на Инфективната клиника.
Лекарите, медицинските сестри и целиот персонал веќе се преморени од големиот наплив на пациенти.
Слична е ситуација е скоро на сите клиники, секаде се открива по некој позитивен пациент, а тие што биле во контакт одат во самоизолација.
Секојдневно има нови вработени позитивни на коронавирусот, а напливот од пациенти со Ковид во „8 Септември“ и на Инфективна клиника е голем.
Во ГОБ „ Септември“, секоја ноќ се примаат по 15-20 пациенти. Во моментот таму има над 140 болни, а стотина се на кислородна поддршка, дел се и на респираторни машини.
Во болницата, во интензивниот оддел медицинскиот персонал е под целокупна заштитна опрема. Работат по 24 часа, четири часа се со скафандери и целокупна опрема, а четири часа паузираат бидејќи е невозможно со скафандерите, маските, визирите, неколкуте пара ракавици да се издржи подолго време.
Оваа болница од 16 март е Ковид центар и таму секојдневно се проширува просторот, се прават ротации, се отвораат нови одделенија.