Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче:Нема нови рестрикции,се подготвуваме за есенскиот бран кој ќе биде посилен

0
By Нова ТВ on June 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 26, 2020 14:28

Дополнителна мерка во справувањето со пандемијата и зголемениот број на случаи со Ковид-19 е рестрикцијата во движењето и тоа е единственото нешто што би можело да се воведе, но засега нема никаква препорака за враќање оваа рестрикција, изјави на министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.

Тој предупреди дека есенските месеци би можеле да бидат многу поголем предизвик за здравствениот систем и од првиот и од вториот бран бидејќи започнуваат да работат и училиштата.

„Пред нас имаме летни месеци. Изминатите 5-6 дена факторот Р 0, факторот е под еден и се надевам дека така ќе остане и во наредниот период и врз основа на тоа ќе видиме намалување на бројот на пациенти. Но, доаѓаат и есенските месеци, кога времето нема да биде убаво, луѓето ќе бидат повеќе на затворено, ќе почнат да работат и училиштата. Тоа се сериозни ризик-фактори, заедно со останатиот број пациенти, поради друга патологија кои очекувано би ги пополниле истите капацитети кои се сега пополнети, може да претставуваат навистина сериозен предизвик за нашиот здравствен систем, многу поголем и од првиот и од вториот бран, не само кај нас туку секаде“, изјави Филипче.

Тој најави дека здравствениот систем се подготува за новиот бран на есен, се прави план за капацитетите. Покрај постоечките капацитети на располагање ќе се стават и болниците во Лешок, Јесеново, Кавадарци и други, но целта е, рече Филипче, да не дојде до тоа.

Филипче повтори дека здравствената криза успешно се менаџира, а здравствениот систем е многу поподготвен отколку на почетокот.

Тој најави дека наскоро на Клиниката за инфективни болести, во монтажната болница ќе биде поставен централен довод за медицински гасови.

„ Сега во овој момент ја разгледуваме најбрзата можност да се донесе систем за медицински гасови. Досега таму на располагање се боците за кислород и веднаш откога ќе го најдеме начинот ќе обезбедиме еден период од четири до пет дена, на којшто ни укажаа техничките служби, дека е временски период потребен за сето ова како инсталација да се постави во болницата за да има и таков довод на медицински гасови“, изјави министерот Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу функционалноста на модуларната болница, поставена до Инфективната клиника, рече дека таму во овој момент нема пацинети, но дека тој капацитет е на располагање во кој било момент.

„Во модуларната болница во овој момент нема пациенти. Се исполнуваат сите капацитети најпрво на Клиниката, а понатаму и во тој дел практично секојдневно се анализира и се прави прераспределба на пациентите согласно бројката на хоспитализирани во овој изминат период. Изминатите денови имаше одреден број пациенти којшто се испишаа од Клиниката и на тој начин се ослободија дополнителен број болнички кревети, но овој дел е целосно на располагаѓе во било кој момент“, истакна Филипче.

Во однос на лицата кои беа во државен карантин и се позитивни на Ковид -19, министерот рече дека согласно нивната здравствена состојба ќе се лекуваат во домашни услови.

„Околу 20 луѓе се позитивни коишто беа во карантините и согласно нивната здравствена состојба, а по прегледот од лекарите, е утврдено дека тие може да се лекуваат во домашни услови, секако во консултација со нивните матични лекари“, рече Филипче.

За подобро справување со кризата министерот најави дека ќе се сретне со преставници на верските заедници, невладините организации, од Владата,  за да се изнајдат начини за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот.

Филипче смета дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат и да го искористат своето влијание во заедницата во борбата со коронавирусот.

„Борбата со вирусот ќе трае, но ние мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Сметам дека е од огромно значење сите општествени чинители активно да се вклучат, да го искористат своето влијание во зедницата во подигнување на свеста за коронавирусот и потребата од почитување на мерките за лична заштита. За ова е неопходен дијалог на сите општествени нивоа. За оваа цел, Министерството за здравство иницира заедничка средба на претставниците на владата, невладините организации и верските заедници на која ќе ги дефинираме начините за активно вклучување на сите и обединување во борбата со вирусот“, изјави  Филипче.

Од тие причини тој изутрината се сретнал со новиот реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

„Фетаху во целост се согласува со ова и ја поздравува иницијативата. Тој посочи дека ќе продолжи да дава максимална поддршка и свој личен придонес во напорите на институциите кои се справуваат со корона кризата во земјата“, рече Филипче.

Министерот рече дека се надева, се поголем број граѓани да ја сфаќаат сериозноста на проблемот и да се придржуваат до мерките бидејќи тоа е најдобриот и најефикасниот механизам да се спречи ширењето на вирусот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.