Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска имале средба со заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји, соопштува СДСМ.
-Раководството на партијата и заменикот помошник државен секретар на САД, заеднички истакнаа дека за Република Македонија е од клучна важност што е можно побрзо да стане членка на НАТО и да добие датум за почеток за преговори со Европската унија. Тие беа едногласни, за нашата земја нема друга перспектива освен европската.
Внатрешните реформи, владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на судската власт, се клучни со цел ЕУ да ги отвори вратите за Република Македонија.
Претседателот Заев се заблагодари за поддршката што со години ја добива Република Македонија од САД како и за програмите за поддршка и јакнење на политичките капацитети во земјава, соопштува СДСМ.




