Тоа што во една иста зграда функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, односно нивните мајки и синови, имаат станови што ги кријат од јавноста, за ВМРО-ДПМНЕ се „вештачки случаи“, реагира СДСМ.
-Само за ВМРО-ДПМНЕ може да биде „лажна перцепција“ тоа што генералниот секретар на Владата, Божиновски, во својот имотен лист го навел сиот имотот на своите родители, ама го испуштил САМО скриениот стан на својата мајка, во “зградата на скриени станови“.
Јавноста очекува одговори:
-Зошто во Анкетниот лист на Кирил Божиновски не е и станот на неговата мајка, во соседство на Јанкулоска и Боневи?
-Ако Кирил Божиновски не живее со родителите, зошто во Анкетниот лист пријавил друг нивен имот?
-Ако ја променил адресата на живеење, дали ја известил Антикорупциската комисија за тоа?
-Ако ја известил, зошто на страницата на комисијата се наоѓа Анкетниот лист на Божиновски со имотот на родителите, освен станот во “зградата на скриени станови“?
-Дали генералниот секретар на Владата има и друг непријавен имот, на пример на неговиот брачен другар?
-Како им успева на мајките и синовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да заштедат стотици илјади евра и да купуваат станови, згора на се во една иста зграда?
Само Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ можат да покаже толкава дрскост и ароганост кон сопствените граѓани и за отркиени скандали, потврдени со документација, аргументи и факти да не се чувствуваат одговорни.
Институциите се на потег. Наместо да молчат и да бидат соучесници, да ја расветлат станбената треска во власта на Никола Груевски, реагира СДСМ.




