Published: Wednesday, July 1, 2020 10:32
Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и пратеничката Фросина Ременски. Првообвинет во случајот е Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски.
Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.




