Украинскиот парламент гласаше со големо мнозинство да ја поништи контроверзната легислатива против протести, која иницираше анти-владини демонстрации, јавува Би-Би-Си.
Одлуката доаѓа помалку од две недели откако беа воведени мерките.
Законот, кој го забрани носењето на шлемови од страна на демонстрантите и блокирање на јавни згради, помогна на разгорување и продолжување на антивладините демонстрации.
Утрово беше повлечен друг потег за да се смират демонстрантите, украинскиот премиер Микола Азаров се понуди да се повлече.
Во соопштението, тој рече дека понудата на оставка на претседателот Виктор Јанукович има за цел да создаде “социјален и политички компромис”.
Парламентот – држи дебата за вонредна состојба на криза – изгласан од 361-2 да го укине законот за протест.