НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата бара приватен партнер за гасификацијата

0
By Нова ТВ on January 29, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Никола Груевски денеска најави конкретна операционализација на проектот за гасификација на Република Македонија.

„Се работи за проект кој се однесува на целата држава кој ќе биде изведен по сите стандарди, не парцијално туку интегрално, без импровизации туку со цврсти планови и програми. Беа потребни многу подготовки, изработка на мега проекти на кои се работеше со години, средување на имотно правни и земјишни односи, правење на многу анализи, и секако најбитното, требаше да се обезбеди темел, во оваа смисла на зборот да се обезбеди договор за снабдување со гас на Република Македонија“, реча премиерот.

„Обезбедивме договор со Руската Федерација за снабдување со гас, и го реализиравме клучниот предуслов да може да се започне со проектот за гасификација на Република Македонија. Овој проект предвидува гасификација на целата земја, на трите региони кои се определени за оваа намена, а се започнува со скопскиот регион“, потенцираше Груевски.

Според него со проектот ќе бидат опфатени сите 17 општини во скопскиот регион и тоа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Чаир, Центар, Општина Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Арачиново, Илинден и Чучер-Сандево.

Реализацијата на проектот ќе се одвива во период од 20 години при што во првите пет години треба и ќе се реализираат подготвителните работи и изградбата на мрежата.

Предвидена е изградба на околу 250 километри примарна дистрибутивна мрежа, при што во првите пет години од потпишување на договорот ќе биде задолжително да се изгради најмалку 70%, односно 175 километри од целата предвидена дистрибутивна мрежа, и тоа со обврска да биде изградена најмалку по 51% од предвидената мрежа во општините Аеродром, Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир и Бутел и најмалку по 20% во секоја од останатите помали општини од скопскиот регион поединечно. Останатиот дел до задолжителните 70% ќе ги определи приватниот партнер во зависност од динамиката на приклучување на територијата на 17-те општини и од интересот за приклучување, во консултација со државата.

Периодот на примарна градба е 5 години, приклучувањето на објектите и испораката на природен гас е предвидено да започне веќе во втората година од градбата на системот. Изградбата би се одвивала во периодот од 2015 до 2019 година, меѓутоа дел од дистрибутивниот систем за природен гас ќе биде пуштен во работа веќе во 2016 година.

Владата бара приватен партнер кој има искуство во оперирање со дистрибутивни системи за природен гас во урбани средини подолго од 5 години, потоа системите за дистрибуција на природен гас со кој оперира треба да имаат повеќе од 40.000 корисници и
Да има вкупен годишен приход не помал од 40 милиони евра на годишно ниво.

Исто така, приватниот партнер ќе биде задолжен да овозможи секој заинтересиран корисник да плати приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен станбен простор или 100 евра за станбена единица од 80 м2. За куќа од 240м2 приклучната такса би изнесувала околу 300 евра. Приклучната такса за комерцијалните објекти ќе биде исто 1,25 евра по метар квадратен корисна површина.

Анализите во студијата, кои ги презентираше Груевски, покажуваат дека стан од 80м2 ако користи природен гас за една грејна сезона има намалување на трошоците од 24% во однос доколку користи парно, 7% доколку користи дрво, 54% доколку користи екстра лесно гориво, 51 % доколку користи течен компримиран гас и 35% доколку користи електрична енергија за затоплување. Слични вакви податоци и параметри важат и за помалите комерцијални објекти со моќност од 10KW.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.