По најавата од телевизијата АЛФА дека ќе следуваат отпуштања на 136 вработени, менаџментот ја оформил и комисијата и кретириумите по кои ќе се делат отказите. НОВА дојде до документот во кој се имињата на членовите и деталните критериуми кои ќе треба да се земаат во предвид.
Покрај главниот и одговорен уредник Коле Чашуле, дел од комисијата е и познатата водителка на забавни емисии Ирена Спировска. Со нив во петчлената комисија е и продуцентот во Алфа Тони Ристов, сметководителот Хари Михајловски, како и претставникот на техничкиот дел Владо Арсов.


.jpg)

Критериумите по кои ќе бидат оценувани вработените се успешност во работата со најмногу бодови – 40, здравствената состојба, стручната кфалификација и придонесот во резултатите на деловната политика на друштвото.
НОВА го контактираше синдикалниот претставник на телевизијата Љубиша Арсиќ, кој вели дека тие се запознаени со овие документи, но имаат забелешки во однос на критериумите и изборот на членови.
-Ние ја разгледавме ситуацијата и во моментов спориме дали овие петмина имаат право да бидат во комисијата со оглед на тоа дека постојат информации дека некои од членовите се хонорарно, а не редовно вработени во телевизијата. Исто така, на синдикатот му е нејасно зошто од комисијата е изземен претставник на синдикатот, па преку правниот застапник подготвуваме реакција во која ќе предожиме, исто така, и други критериуми кои според нас треба да бидат земени во предвид.
Синдикалниот претставник реагираше и претходно откако менаџментот на почетокот на неделава ја потврди веста дека ќе има отпуштања поради преработеност. Според Арсиќ, до превработеност дошло со доаѓањето на новиот тим кога секторите се пренатрупале, но оние претходните новинари на Алфа, на сметка на новите станале „втората виолина“ во телевизијата, и очигледно е дека „предност во вестите имаат новите новинари“.
Интервју со Љубиша Арсиќ за НОВА, претставник на синдикатот во Алфа телевизија
28.01.2014 година




