Министерството за здравство информира за рекорден број на новозаболени лица со Ковид-19 во еден ден. Во изминатите 24 часа се регистрирани 205 случаи од направените 1.728 тестирања од кои 60 во Скопје, 29 во Свети Николе, 23 во Гостивар, 17 во Дебар, по 13 во Тетово и во Куманово, 12 во Струга, 10 во Штип, седум во Кичево, по три во Ресен, во Велес и во Битола, по два во Демир Хисар, во Пробиштип и во Прилеп и по еден во Охрид, во Кавадарци, во Струмица, во Крушево, во Берово и во Македонски Брод.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 336 оздравени лица и тоа од Скопје – 113, од Куманово – 28, од Дебар – 8, од Штип – 15, од Прилеп – 1, од Тетово – 40, од Струга – 52, од Велес – 1, од Охрид – 57, од Кавадарци – 1, од Гостивар – 8, од Крива Паланка – 4, од Кочани – 1, од Пробиштип – 1, од Валандово – 2 и од Ресен – 4. Починати се шест пациенти од кои четворица од Скопје и двајца од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62 години, од 68 години, односно 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 65 години, односно 70 години, а во Општата Болница во Гостивар почина пациентка на возраст 80 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.449. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 3716, активни 1871
Куманово – 831, активни 164
Дебар – 137, активни 76
Штип – 421, активни 161
Прилеп – 291, активни 59
Тетово – 844, активни 324
Струга – 300, активни 147
Велес – 201, активни 38
Битола – 68, активни 27
Охрид – 219, активни 133
Кавадарци – 23, активни 15
Гостивар – 211, активни 128
Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 19, активни 11
Крива Паланка – 18, активни 8
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 9, активни 5
Кочани – 76, активни 16
Пробиштип – 32, активни 20
Демир Хисар – 5, активни 4
Македонски Брод – 8, активни 6
Пехчево – 6, активни 2
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 4, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 5, активни 2
Свети Николе – 88, активни 81
Кичево – 65, активни 56
Ресен – 132, активни 87
Неготино – 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.728 теста се преку ИЈЗ – 775, преку ЦЈЗ Скопје – 24, преку „Авицена“ – 208, преку „Биотек“ – 161, преку МАНУ – 131, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 233, преку „Систина“ со PCR метода – 131, преку Судска медицина – 21 и преку ЦЈЗ Битола – 44. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени пет нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 92. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца се позитивни и едно е суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 96 пациенти од кои четворица се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент, а во болницата во Штип – 46. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар и во Струмица се хоспитализирани 112 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 323
Аеродром – 162
Бутел – 146
Гази Баба – 200
Центар – 146
Карпош – 147
Сарај – 128
Кисела Вода – 108
Ѓорче Петров – 107
Студеничани – 116
Шуто Оризари – 86
Арачиново – 45
Илинден – 31
Петровец – 17
Чучер Сандево – 16
Сопиште – 8
Зелениково – 13
Странец – 5
Нераспределен – 67