Министерот за здравство Никола Тодоров откако вчера во Собранието соопшти дека го раскинал договорот со милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема со фирмата „Висарис МК“ поврзана со уредничката на Сител, Ивона Талевска, денеска пред новинарите одби да даде одговор кој ќе ги сноси последиците.
Додека луѓето од неговиот кабинет ги убедуваа новинарите дека прес-конференцијата е само на темата за кардиохирургија, министерот Тодоров образложи дека тој вчера во Собрание „пред оние кои ме избрале“ и потоа стана и си замина.
„Јас договорот со фирмата „Висарис“ го раскинав“, одговори вчера министерот за здравство Никола Тодоров на пратеничкото прашање од Оливер Спасовски од СДСМ кој го праша дали знаел за фирмата која го доби милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема.
Министерот за здравство Тодоров се бранеше дека ниту знаел ниту можел да знае за овој тендер, потоа дека после шест месеци има направено промена во сопстевничката структура на фирмата Висарис, ниту пак Инспекцискиот надзор не регистрирал правни пречки.
Тодоров рече дека тендерот го поништил од етички принципи и побара и претседателот на СДСМ, Зоран Заев да ги раскине сите договори со фирмите од своите блиски.
Спасовски беше незадоволен од одговорот на Тодоров и му предложи ако немало правни пречки, туку етички тогаш треба да си поднесе оставка од функцијата министер за здравство.




