– ВМРО-ДПМНЕ веќе не знае што да измисли за да го сврти вниманието на јавноста од скандалите кои ја тресат Владата на Никола Груевски, наместени тендери, скриени имоти на високи владини функционери, корупциски и бизнис врски со медиуми, скандалозни продажби на државно земјиште, реагираат од Социјалдемократскиот сојуз откако Светлана Јакимовска од ВМРО ДПМНЕ изјави дека Шеќеринска три дена по ред одбивала да даде одговор на прашањата на владејачката партија.
Според најголемата опозициска партија срамно е Владата „која ги крие сите договори со кои од пари на граѓаните се плаќаат милионските реклами, и која се промовира како наводно голем промотор за привлекување на странски инвестиции“, да се меша во менаџерски договори на приватни странски компании.
Во реакцијата на СДСМ уште се вели дека, ВМРО ДПМНЕ ги напаѓа оние кои уредно пријавуваат анкетни листови додека функционерите од власта ги кријат своите луксузни станови вредни стотици илјади евра.
– Во анкетниот лист на заменик-претседателката на СДСМ нема непријавен имот. ВМРО-ДПМНЕ џабе измислува, стои понатаму во реакцијата откако Јакимовска посочи дека Шеќеринска треба да ја каже вистината за фотографиите од луксузниот џип во кој се возела, и потенцираат дека доколку Светлата Јакимовска е љуботина кој со какви авотмобили се вози, „да отиде на кафе кај премиерот Груевски и да види кој со каков автомобил доаѓа кај него и со каков автомобил се вози сопругата на Премиерот“.




