Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГОБ „8 септември“ се подготвува да започне со операции кои беа ставени на чекање

0
By Менче Атанасова Точи on July 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 19, 2020 12:09

Се чисти и дезинфицира шок собата во ГОБ „8 Септември“, откако пред две недели најтешко болните со Ковид се префрлени на првиот спрат, во делот каде што беше кардиохирургијата на Жан Митрев. Со ова полека се подготвува да профункционира оперативниот блок, да се отвори една оперативна сала за итни и за операции кои беа ставени на чекање, односно за пациенти кои не се позитивни на Ковид.

„Шок собата е исчистена, се дезинфицира и се подготвува да профункционира и за елективни пациенти, за операции за кои се чекаше. Ќе се прават хирушки интервенции од следните области: Очно, ушно, од абдоменална хирургија и ортопедија“, потврди за НОВА, проф. др. Кристијан Костов, директор на болницата.

проф. др. Кристијан Костов, директор на ГОБ„8 Септември“

Со ова тој најавува дека наскоро болницата полека ќе започне да се враќа во нормала и да профункционира за пациенти кои не се заболени од Ковид.

Сепак, напливот на пациенти со Ковид не престанува. Секој ден, а особено навeчер се примаат околу 15 пациенти кои се со тешка форма на болеста.

Костов вели дека во Ковид центарот во болницата се примаат само тешки случаи кои имаат сатурација(кислород во крвта) под 60. Околу 90 проценти од сите хоспитализирани се на кислородна поддршка.

Болницата троши два до два и пол тона течен кислород дневно и тој за пациентите значи живот. Од тие причини инсталирана е уште една резервна станица за довод на кислород за да не се случи да откаже постоечката, која како што вели, не е променета 30 години.

„ Ја зајакнавме, инсталиравме нова станица за кислород бидејќи старата не е сменета 30 години. Со новата резервна станица покрај постоечките можат да се вклучат уште 100 пациенти на кислородна поддршка, само треба да се инсталираат уште приклучоци во ѕидот“, изјави директорот Костов.

Во Ковид центарот во „8 септември“ кој функционира од 16 март непрекинато и каде се трошат последните сили, дел од лекарите и медицинските сестри почнаа еден по еден да одат на двонеделен одмор.

Премореноста и тешката битка со болеста, со најтешко болните почна да се манифестира кај вработените. За болницата оптоварување е тријажниот центар каде што се сместени сите тешки пневмонии кои чекаат за докажување на тест, да се види дали се позитивни или не, на Ковид. Таму секојдневно се примаат по 15. пациенти со тешка форма на пневмонија.

За таа цел беше направена и монтажната болница кај Инфективна клиника, но овие пациенти сè уште се носат во тријажниот центар во „8 септември“ наместо да бидат префрлени таму. Во болницата велат дека за сметка на тоа, кај нив треба да е носат суспектни (недокажани случаи) на кои што им е потребна хируршка интервениција.

Во болницата „ 8 септември“ се хоспитализирани и 30 пациенти на дијализа кои се позитивни на Ковид, а останатите 60 други одат на дијализа на дневна основа. Болницата е преполна со пациенти, со тешка и средно тешка форма на Ковид-19.

И покрај тоа што вирусот зема непредвидлив тек, и покрај многуте смртни случаи, од таму секој ден си заминуваат дома по 15. пациенти кои оздравеле од Ковид- 19.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.