Published: Saturday, February 1, 2014 15:03
Активистот за човекови права Беким Асани по повод синоќешните тепачки, на својот фејсбук профил ги повика сите граѓани, без оглед на националноста да не наседнуваат на триковите на власта
-Вечерва група Македонци нападнале Албанци во Сарај,утре група Албанци ќе нападне Македонци некаде во државава и така ќе оди тоа во круг.Се додека не седнете и не размислите,кој добива од тоа а кој губи, што ако Македонците кои нападнале и Албанците кои нападнале некој ги пратил да нападнат…Некој Албанец праќа Македонци да тепаат Албанци и обратно. За политички поени.Дај бе освестете се веќе. Не уништија на секој можен начин.Не паѓајте на нивните гадни финти“, пишува Беким Асани.




