НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Незадоволство и револт од конкурсот на луѓето со телесен инвалидитет

0
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Незадоволсто и револт кај лицата со телесен инвалидитет од резулатите на огласот, каде конкурирале за работа во јавната администарција. Тие велат дека се најмалку застапени на конечаната листа на избрани кандидати и сметаат дека изборот е наместен.

Од 1.826 кандидати, избрани се 300 луѓе, кои прво ќе добијат работа во Македонски шуми, а подоцна ќе бидат прераспределени во други институции. Станува збор за лица со оштетен вид и слух, лица со пречки во гласот, говорот и јазикот, лица со телесна попреченост, како и лица со комбинирани пречки.

Некои здруженија од внатрешноста веќе одржуваат состаноци и ја разгледуваат можноста за протести, откога ќе помине рокот за жалби по осум дена.

-Јас конкурирав за помошен работник, бидејќи кога се повредив бев во средно училиште и немав можност за понатамошно школување, но имам многу бројни сертификати, уверенија од курсеви, обуки вели за НОВА Бранкица Димитровска која инвалидската количка не ја спречува да управува со волан и да биде активна во општествениот живот.

Бранкица вели дека медицинска документација може секој да набави и прашува зошто не ги повикале лично на разговор, да видат кој во каква здравствена состојба е.

На нивната заедничка Фејзбук станица може да се види незадоволството на голем број членови кои конкурирале,но се одбиени на огласот. Многумина го прашуваат претседателот на Мобилност –Македонија како е возможно луѓе со интелектуална попреченост да бидат примени како советници или референти, кога на тие работни места услов е да се има завршено факултет.

Некои реагираат бидејќи луѓе од некои градови како Охрид на пример, воопшто не се избрани, а нема ниту рамковна застапеност, односно по национална основа.

-Јас ве подржувам и потикнувам да поднесете жалби доколку сметате дека има неправилности во бодирањето или во работните позиции, иако министерот Спасов изјави дека молбите биле разгледувани и споредувани мултисекторски им одговара на своите членови, обидувајќи се да ја смири топката претседателот на Здружението, Бранимир Јовановски.

По објавувањето на листата на избраните кандидати министерот Спасов изјави:

– Рангирањето е максимално транспарентно, без учество на човечки фактор, електронски со посебен софтвер врз основа на податоците од апликациите кои се проверени и потврдени преку системите на државата со единствена цел, а тоа е да се даде шанса и да се вработат оние кои се во најтешка положба согласно критериумите и условите во самиот конкурс рече Спасов

Од 300 кандидати кои ќе бидат вработени, 160 се со ниско образование и тие ќе бидат вработени како помошни работници, 100 луѓе со средно и високо образование и тие ќе бидат референти и извршители, а останатите 40 со високо образование ќе бидат соработници, односно советници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.