САД се загрижени за мешање на власта во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници, и веродостојни извештаи за корупцијата во владата.
– Ние сме загрижени од извештаите за физичко малтретирање на притвореници и затвореници од страна на полицијата и затворските чувари, како и поради лошите услови и пренатрупаноста во некои од државните затвори и ментални институции, изјави претсавникот на САД на седницата на Советот за човекови права при ООН на која се разгледуваше состојбата на човековите права во Македонија. Седницата која се одржа во Женева е во рамките на на новиот механизам наречен „Универзален периодичен преглед“ преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 членки на ООН.
Во забелешките изнесени од страна на САД исто така се изразува загриженост за користењето на владините ресурси за партиски цели.
– Ние , исто така, останувааме загрижени поради употреба на Владата на јавните ресурси за политички партиски активности, мешање во судството и медиумите , селективното гонење на политичките противници, и веродостојни извештаи за корупцијата во владата, изјави претставикот на САД и праша:
Дали Владата планирa да го зголеми надзорот на владините претставници за справување со корупцијата и проблемот со неказнувањето на полицијата?
САД во оваа прилика исто така изразија загриженост поради присуство на, како што велат најлоши форми на злоупотреба на децата.
– Ние продолжуваме да бидат загрижени дека некои од најлошите форми на злопотреба на детски труд, изјави претсавикот на САД на заседанието во Женева. Седницата на Советот за човекови права при ООН на која ќе расправаше за состојбата со човековите права во Република Македонија се одржа на 30.01.2013




