Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хашката приказна на таткото Ахмети

0
By Биљана Секуловска on July 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 25, 2020 11:08

Поканата на Специјалниот суд во Хаг до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, секако дека претставува потенцијален пресврт во идната политичка мапа на Македонија. Многу прашања се во игра- дали ова е почетокот на посмртниот марш на меѓународната заедница кон Ахмети, негово гласно и сурово отстранување од тронот, демаскирање на големиот албански татко, објавување на крајот на една ера?

Сетете се само како заврши најавата за разговори на косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа во Вашингтон- вовед во преговори на релација Белград-Приштина за косовското прашање. Дестинацијата на Тачи се смени со молневита брзина- наместо во Вашингтон, тој заврши во Хаг и денес тој  е човек против кој е покренато обвинение за воени злосторства во Хаг и најавува оставка од политичката функција. Овој удар беше отворено предупредување за неговата идна улога во цртањето на контурите на балканската политичка сцена, но меѓународната заедница секогаш има паралелно повеќе планови и поинаква визија за светот, особено за Балканот. Дали може слично да изгледа и судбината на еден друг лидер, во политичка смисла пред се, на сто километри појужно од Тачи?

Иако официјално не се познати причините за оваа покана до Ахмети- дали тој ќе биде претставен само како сведок или не, вратите за неговото идно својство во Хашкиот суд се широко отворени, и тој тоа добро го знае. Сеедно што инсистира, како и Бујар Османи, на неговата вродена широградност да соработува со Хаг, потенцирајќи, дека е повикан како сведок. За жал, мора да се има на ум дека идната улога во Хаг ќе зависи од изјавата која тој ќе ја даде при сослушувањето.

Шпекулациите за политичката иднина на Ахмети се во игра- сведок или иден обвинет, или нешто покрупно е на маса и шаховските фигури сега се подмачкуваат до усвитување. Дали е само обична покана или можеби  теренски подготовки за запечатување на неговата политичка кариера, преку подготвување на стапица преку филигрански исплетена пајакова мрежа?

Но, оваа покана може да има и многу подлабоко и посуштинско значење за самиот Ахмети и позиционирањето на ДУИ- во или вон идната Влада. Незадоволството од политиките на оваа албанска партија ескалираше со нивното поранешно братство со ВМРО-ДПМНЕ, иако сега Ахмети пред да замине за Хаг говори еуфорично за неговата животна определба- владеење на правото, постигнување на вистинска неселективна правда- тие биле негова постојана цел и обврска.

Пресилни, прекрупни зборови за човек кој беше така долго, болно долго за граѓаните во оваа земја- верен партнер на Груевски, апологет на режимот во кој активно партиципираше ДУИ на чело со Ахмети, а во исто време ја застапуваше идејата за европски и демократски вредности, владеење на правото, неселективна правда. Од апологет на режимот до негов креатор нема некаква суштинска разлика, зарем не?

А тој, Ахмети, самиот себе се претставува и промовира веќе со децении како, клучен лидер за безбедноста и стабилноста на регионот, неуморен борец за албанската, и во исто време европска кауза, архитект на демократските вредности, лидер, ослободител, месија,  татко.

Каква штета што огледалото одамна му е искривено и замачкано со калливи траги од политичките дела. Тие дела се само негови и ничии други, токму тие дела и денес  го демантираат, му се излизгуваат од прстите тие зборови, кои се топеше кога ги изговараше, одмарајќи во цврстата и топла прегратка со Груевски, неговиот политички близнак, неговиот брат во режимот.

Тој режим самите го исковаа и го одржуваа доволно долго, за да се запамети и зацементира вистинската улога на Ахмети, но кој тоа отворено да му го каже. Заев можеби, ако го потсети на сите компромиси на кои беше принуден во нивното довчерашно, тригодишно коалицирање, агонија од која сите се обидувавме да се ослободиме, но никогаш за тоа немаше доволно време. Но, времето не потсети дека знае да отчукува и да почне и да татне во главата, особено кога соопштува дека е време за нови предизвици, тешки времиња, време за Хаг, време за крај.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.