Жирафата Орка во Зоолошката градина во Скопје која почина пред десетина дена, имала воспаление на дванаесетпалачното црево и на тенките црева, предизвикано од бактеријата ешерихија коли, а имала и бронхитис, објасни на прес-конференција во Зоолошката деканот на Ветеринарниот факултет во Скопје, Диме Митров.
Тој нагласи не покажувала знаци на болест, дека жирафата немала сркшен `рбет, ниту пршлени на вратот, ниту пак други физички повреди, како што сметаше Здружението Анима мунди дека смртта е последица на негрижа, на повреди направени од другите три жирафи.
Според обдукцијата, три и пол години стариот мажјак немал срцева мана ниту скршен врат, ниту какви било други повреди, соопшти деканот.
>> ЗОО Скопје: Не е во ред со смртта на Орка да се оспорува се што сме направиле
Зоолошката градина ќе ја тужи организацијата за заштита на правата на животните „Анима мунди“, за нарушување на честа и угледот, поради објавување на низа шпекулации и невистини за причините за смртта на жирафата Орка, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Зоолошката, Дане Кузмановски.
Жирафата Орка беше подарок од компанијата „Орка Холдинг“. Во моментов во Зоолошката градина живеат три жирафи.




