По однос на најавената тужба од страна на Зоолошка градина врз основ на нашите јавно поставени прашања, немаме коментар, велат од „Анима мунди“.
>>Орка починала од воспаление на дванаесетпалачното црево- тужба за „Анима мунди“
Оттаму објаснуваат дека Анима Мунди е организација која постои и ќе постои за да ги брани правата на животните, која истражувала и ќе го истражува и во иднина секој случај кој ја засега нивната заштита и благосостојба.
Како смртта од силно воспаление со крвавење во тенките црева и во дванаесетпалачното црево во фаза на значително изумирање на клетките (некроза) не е инцидентна смрт (како на пример инфаркт), туку болест која е резултат на еден внатрешен процес која подразбира специфична симптоматологија (одбивање храна, депресија, пролив, повраќање и др), прашуваат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“.
„Ние се уште имаме многу прашања за смртта на Орка и дополнително ќе ги бараме одговорите“, велат од „Анима мунди“ по денешната прес-конференција на која беа објавени резултатите од обдукцијата за смртта на жирафата Орка.
Жирафата Орка во Зоолошката градина во Скопје која почина пред десетина дена, имала воспаление на дванаесетпалачното црево и на тенките црева, предизвикано од бактеријата ешерихија коли, а имала и бронхитис, објасни на прес-конференција во Зоолошката деканот на Ветеринарниот факултет во Скопје, Диме Митров.
Тој нагласи не покажувала знаци на болест, дека жирафата немала сркшен `рбет, ниту пршлени на вратот, ниту пак други физички повреди, како што сметаше Здружението Анима мунди дека смртта е последица на негрижа, на повреди направени од другите три жирафи.
Во краток телефонски разговор за НОВА, портпаролот на Зоолошката, Дане Кузмановски, изјави дека само доколку „Анима мунди“ го открие изворот на нивните информации, ќе може да ја одбегнат тужбата.




