Зоран Дамјановски постапува исто како Зоран Заев. Градоначалниците на СДСМ очигледно имаат ист модел на функционирање, рече пред новинарите Борче Стамов од ВМРО – ДПМНЕ.
„Му порачуваме на Зоран Дамјановски да не се обидува да се правда бидејќи документите потврдуваат дека тој работи исто како Зоран Заев. Документите кажуваат дека еден од сопствениците бил и Горан Стојковски, сегашен директор на ЈП Водовод Куманово. Станува збор за човек кој што е син на поранешен пратеник од СДСМ. Очигледно дека поедини фамилии во Куманово се секогаш повластени во СДСМ. Ем добиваат највисоки функции (пратеници, директори …), ем фирмите во кои што тие биле сопственици редовно добиваат договори за јавни набавки“, објави Стамов.
– Документите говорат дека фирмата во која Горан Стојковски бил сопственик не само што добила 14 договри со Општина Куманово, туку добила и 6 договори со Куманово Паркинг и 1 договор со ЈП Водовод Куманово каде што Горан Стојковски денес е директор. Вкупната вредност на договорите кои што фирмата ЕлектроКуманово ги добила по пат на овие 21 набавка изнесува фантастични 50.604.708 денари.
– Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово очигледно во својот човек Горан Стојковски си нашол експерт за се. Ем снабдувач на општината, ем снабдувач на локалните јавни претпријатија, ем експерт за директорување на ЈП Водовод Куманово, истакна Стамов.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)





