НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски најави 11 нови енергетско-ефикасни фасади во Центар

0
By Влатко Чаловски on February 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски најави дека неговата општина обезбедила средства за уште 11 нови објекти кои ќе имаат енергетско-ефикасни фасади, слични како зградата „Папагал“, која се наоѓа во близина на гимназијата Јосип-Броз Тито.

„Општина Центар продолжува со поставување на фасади со термичка изолација. Со ова, сметките за електрична енергија ќе бидат помали за една третина. За оваа година се обезбедени средства за уште 11 нови фасади“, рече Жерновски.

Тој напомена дека е свесен дека има страни на кои им се допаднала фасадата во бои, но и дека има такви кои негодуваат, а сепак зградата предизвикува насмевка кај минувачите.

Сепак, градоначалникот на Центар потенцираше дека, сите промени кои ги прави општината, мора да се во согласност со фамилиите кои живеат во нив.

Авторка на реконструкцијата е архитектката Искра Ефремова, а зградата во центарот на Скопје која во 60-тите била позната под името „Папагал“ и била сива со пет темни бои на терасите (црна, темна-окер, темна-виолетова, темна-зелена, и темна-тегет), сега „е облечена“ во неколку бои, во модерен стил препознатлив за тоа време.

>> Зградата „Папагал“ му пркоси на барокот во Скопје

Во однос на ГТЦ, Андреј Жерновски го повтори ставот дека согласно актуелниот ДУП и законската регулатива, не може да се реконструира фасадата на ГТЦ во барок, но посочи дека власта е во рацете на други и дека тие можат во секој момент да ја сменат фасадата, зошто веќе е почната постапката.

За натамошните чекори, најави Жерновски, ќе се одлучува дополнително.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.