НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите парчиња на Шилегов

0
By Биљана Секуловска on August 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За среќа, уривањето на Универзална сала не е само детонација на сите наши спомени, истории на една младост. Универзална ги надминува сите тие, за некои, тоа се патетични сеќавања за една монтажна, распадната од самиот почеток барака, која во самата форма нема никаква вредност, а оттука и се поставува под прашање и суштината.

Но, за некои други, пружила многу повеќе од потресено вртење на стари и пожолтени албуми, нивно физичко прелистување, како и мемориски премотувања во главата, пропратени со повремени воздивнувања.

За вторите, неустрашивите циници, кои студено ги примаат рафалните критики од сентименталниве плачковци, време е за нови, архитектонски чуда од дела, после кои барокот на Груевски од срам ќе се распадне самиот од себе.

За овие постмодерни гиганти од архитекти, тие лелеци на првата група која липа и кука над сеќавањата, се само бескорисни и бесмислени офкања, заради кои и иднината на оваа земја пропаѓа со векови, што секако дека може да се гледа и како точен заклучок, а зошто да не, ако решите да бидете широкогради во демократските вежби за компромис, дебата и дијалог.

Но, онаа прва група, популарно наречена од втората група како сентиментални будали, ако внимателно ја заслушате, ќе ви го разјаде црвот по нивните аргументи- главниот, ако може добро да се сфати, се состои од многу проста, едноставна поента- Универзална е идентитетот на сите нас.

Вторава група, со популарно име дадено од првата- нихилистички циници, се потсмева на емотивните испади на првата, на будалаштините кои ги чита и не може да поверува- на што се можат да бидат луѓето подготвени за да ја одбранат честа на една стара, дотраена, распадната и свисната барака, која зјаи и се клати празна веќе пет години. И тука, ако добро се размисли, овие аргументи можат да ве разјадат одвнатре и да не ви даваат мира со години.

Има и трета група, во кои како претставник се појавува архитектот Мартин Пановски, кој, очигледно дека има трпение и нерви за двете групи кои се во војна изминативе денови, но од друга страна, се чини дека никој нема намера, ниту време, ниту пак капацитет да го ислуша докрај. Колку што може да се подразбере од експертскиот јазик на Пановски, тој упорно се обидува да објасни дека архитектурата подразбира ислушување на две, пет и илјада мислења и на таков начин и ги гради своите ставови и одлуки.

Е, се разбира, тој претпоставувам дека знае и дека овие внимателно, рационално донесени одлуки на архитектите секогаш ќе бидат промашени за двете, екстремно спротивставени групи- сентименталните будали и нихилистичките циници, кои ќе продолжат со колнењата, пресметките и заривањето ножеви под појасите, како нивна усовршена специјалност.

Четвртата група е најомразената, доживувана секогаш во оваа земја како арогантна, себична, мрзелива и неспособна- тоа е претставникот на политиката, но внимавајте, во време на Груевски тешко дека можеше некој да помине неказнето ако само помисли да залепи некаква ваква етикета на кој било политичар.

Овојпат, политиката е во вид на градоначалникот на Скопје, Шилегов, кој каде и да се сврти, прима удари и потреси, се собираат парчиња од него, што и не е бескорисна вежба за еден политичар- со текот на времето ќе отрпне и еден ден ќе се разбуди, сфаќајќи дека му станало сеедно, и токму тогаш, ќе биде прогласен крај за него.  Но, додека не дојде тој суден ден, тој денес мора да вели добредојде на сите разбеснети околу него што сакаат да го расчеречат. Се разбира, во име на демократијата, тој, доколку е доволно паметен, мора да ги прима разулавените скотови со насмевка на лицето, да глуми воодушевување што му прават чест, овие околу него, што завиваат како изобличени ѕверови. Растргнат од двете групи кои војуваат  со тешка артилерија, во исто време е притиснат од онаа третата, групата на Пановски, која, после груевизмот, се очекува да биде водечката сила на разумот и компетентноста, наспроти претходното лудило на идентитетски, културен инжинеринг и геноцид, спроведуван од лажните, квази колеги на Пановски.

Обидите на Шилегов да балансира и да ги задоволи сите тешко дека ќе бидат остварливи, барем во демократија тоа не е никогаш можно, дури и кога се спроведуваат референдуми и избори, особено во оваа земја тоа е однапред прогласен дебакл. Откако се прогласуваат многу често за неважечки, фалсификувани, тие се непостоечки во главите на многумина и оттука, и не се признаваат, освен како ново, продолжено средство за нови напади, вербални војни и пресметки, бескрајни, до последниот здив.

Што и да се случи со Универзална, се чини дека крајот го предвиде Влатко Стефановски- “Не го чепкајте храмот каде што го имавме Реј Чарлс”.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.