Published: Monday, February 3, 2014 17:07
Новинарските здруженија од Македонија најдоцна до 10 февруари 2014 година, треба да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година, до Министерството за информатичко општество и администрација.
Целта е да се утврди, како што велат од Министерството, кои две Здруженија на новинари се со најголем број на членови, заради спроведување на постапката за именување членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ.
Ова обврска, како што се наведува, е согласност со членот 14 став (11) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.




