НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦЈЗ: За 7 до 10 дена ќе се знае билансот од журките и блиските контакти по плажите во Охрид

0
By Менче Атанасова Точи on August 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За седум до десет дена ќе се види билансот од големите журки, дружења и блиските контакти по плажите на Охридското езеро. Доколку коронавирусот се рашири тоа нема да биде само во охридскиот регион, туку во целата држава, сметаат во Центарот за јавно здравје во Охрид. Епидемиолозите се особено загрижени затоа што станува збор за претежно млади луѓе кои може да поминат и без симптоми, но да го рашират вирусот понатаму, на повозрасни, хронично болни, деца.

„Ако се вршат редовно тестирања за една недела може да се види колку од нив се инфицираале, а за десеттина денови до две недели ќе видиме како ќе се рашири понатаму вирусот. Не се само охриѓани во опасност, тие и одбегнуваа да излегуваат од своите домови во големиот налет од туристи за време на продолжениот викенд. Но, секако имало контакти“, изјави за НОВА д-р. Сашо Точко, директор на Ценатрот за јавно здравје во Охрид.

Тој нагласи дека имаало повеќе интервенции за тепачки  и други интервенции од страна на МВР, како и од Пазарната инспекција особено во узурпираниот простор кој се користел за плажи и летни забави. Дали од Охрид ќе произлезе нов кластер со коронавирус кој би се раширил низ цела држава, ќе се види најмногу за две недели.

https://www.youtube.com/watch?v=ub1KD1R0HM4

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 147 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-118, Струга-09, Кичево-20).

„На сите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти“, информираат од СВР Охрид.

Во текот на празничниот викенд, СВР Охрид спроведе интензивни превентивни и други мерки со цел, зачувување на стабилната безбедносна состојба на подрачјето. Полициски службеници од СВР Охрид но и од други полициски станици кои, деновиве се на испомош во Охрид, реализираа засилени патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг просторите со цел, спречување на кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили.

Последниот инцидент се случил вчера кога полицијата интервенирала при тепачка каде две лица биле повредени со остар предмет.

„На 03.08.2020 година во 17.15 часот, во берберски салон лоциран на улицата „Даме Груев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија, а потоа и со физички напад со остар предмет извршен од  Б.Н.(20) врз  Д.Д.(24) и Д.Д.(25), сите од Охрид. Нивната меѓусебна пресметка била прекината со интервенција на полициските службеници. Нарушителите се приведени и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави“, велат во СВР Охрид.

Охрид за време на продолжениот викден беше преполн со гости, така што не само што имаше инциденти и непочитување на дистанца и носење маски, туку евидентна беше и нехигиената и фрлање на отпад во езерото.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.