Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Сузана Салиу и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров од вторник до седми февруари ќе престојуваат во Вашингтон каде ќе учествува на молитвениот појадок заедно со претставници од повеќе од 140 земји од светот.
Американски конгресмени и претседателот на Соединетите Американски Држави традиционално секоја година се собираат на заеднички појадок да се молат и да се заблагодарат за взаемното пријателство и благосостојба.
Молитвениот појадок во Вашингтон е национален американски собир што се организира по 62. пат по ред, каде еден до друг седат функционери од целиот свет.
Различноста која што ги карактеризира разните светски лидери и човечноста општо се допирните точки и точките на соединување.




