На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ e донесена одлука во насока на носење на измената и дополнувањето на Законот на Служба во АРМ, со која што се предвидува професионалните војници во служба на АРМ по наполнување на 45 години старост како максимална старосна граница, да се вработат во државните институции.
Како што соопшти генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Емил Димитров целта е да го прошири опфатот на професионалните војници и оваа мерка да важи ретроактивно за оние кои службата во Армијата им престанала по основ на исполнување на максимална старосна граница.
„Оваа мерка ќе важи за поранешните професионални војници кои заклучно со 31.12.2013 година во агенцијата за вработување на Република Македонија се водат како невработени лица. Цел на оваа мерка е на лицата кои го немаат решено својот работен статус, односно се невработени, да им се помогне истата како најважна работа за нив и нивните семејства“, соопшти Димитров.
Тој потсети дека во мандатот на владеење на ВМРО–ДПМНЕ, за Армијата се случија две покачувања на старосната граница на професионални војници, 2007 година од 35 на 38, 2012 година од 38 на 45. Сега го решаваме егзистенцијалниот статус на војниците по 45 години со ретроактивно дејство.




