Пратеникот Јани Макрадули, на парламентарната говорница предупреди дека е проблем е тоа што го наведува европската Комисија, кога од вишокот пари се даваат за изградба на Аква парк кој што не го отвора директорот на Агенцијата за електронски комуникации, туку го отвора премиерот, во партиски цели.
-Го поздравувам делот на намалување на надоместокот што се пропишува од компаниите, од 05 до 03 максималната граница. И го поздравувам делот во воведот кој што зборува за потребата од нови мрежни технологии во рамки на паметните градови, нешто што беше промовирано од моја страна, 2013 година.
Ќе се задржам на неколку работи, пред се на независноста на агенцијата за електронски комуникации. Имено и вие потенциравте дека овие законски измени се последица на 3 директиви, една од тие директиви е директивата 140 од 2009 година каде што поприлично се посветува внимание на независноста и стручноста на регулаторното тело односно на агенцијата за електронски комуникации во нашиот случај.
По голем страв за еден телеком оператор или телевизија или било кој оператор од оваа област , телефонски комуникации е поголем страв, за Т мобиле би било ако дојде УЈП, од колку да дојде некој конкурент од ВИП или Оне во контрола. Бидејќи на тоа се темели државава, и навистина не ја разбирам логиката на парламентарното мнозинство да преќути ваква работа. Да од 5 луѓе направите финансиски богови во државава, за ништо работа, со 0 знаење, од оваа област велам.
Сметам дека е потребно тие да имаат професионален однос, да се надградуваат, да учат, да работат. Јас немам ни една замерка на стручното усовршување за да можат во пракса да вршат вистинска и стручна контрола.
Најголемиот телекомуникациски оператор, во кој што државата има сопственост поприлична, да со масовната партизација на нестручни луѓе што ја прави и масивниот одлив на стручни луѓе што се случува во овој момент. За среќа некои од нив одат во агенцијата за електронски комуникации, за среќа.
Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија пишува дека агенцијата користи вишок на средства кои не се согласно намената за електронски комуникации и дека тоа го поткопува нејзиниот кредибилитет. Не е проблем кога вишокот на средства агенцијата го распределува на софтвер што му го дава на ЗЕЛС, проблем е што ЗЕЛС потоа не го доставил до општините или општините не го користат.
Проблем е тоа што го наведува европската Комисија, кога од вишокот пари се даваат за изградба на Аква парк кој што не го отвора директорот на агенцијата за електронски комуникации, туку го отвора премиерот, во партиски цели, изјави Макрадули.




