Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Ромите од Делчево навредени-докторка ги нарече народ со “психоза“

0
By Менче Атанасова Точи on August 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 14, 2020 15:01

Една изјава дадена за пациентка заболена од Ковид-19 од страна на директорката на здравствениот дом во Делчево ја крена на нозе ромската заедница, а по бурните реакции и напади на социјалните мрежи докторката дури размислува да се отсели од градот.

Реагираат од НВО “КХАМ“ каде велат коронавирусот доби етнички призвук во Делчево по изјавата на д-р. Марија Глигоровска директорката на Здравствениот дом дадена за локалните медиуми, а која се однесува на лице заболено од Корона вирус во оваа Општина.  Во изјавата свесно или несвесно таа потенцира дека лицето кое е заболено од Ковид-19 е лице од Ромска етничка припадност притоа дефинирајќи ја ромската заедница како, цитираме „Нивната психоза е малку подруга кога еден ќе се разболи сите се заедно“.

Оваа изјава која беше емитувана јавно на интернет порталот delcevo365.mk, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, а од невладината организација „КХАМ“бараат јавно извинување за изречените зборови, а поднеле и Претставка до Министерството за здравство, Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

“Можеби во случајот директорката при давањето на својата изјава изгубила од предвид дека терминот ,,Психоза“ е  група на болести што се карактеризираат со загуба на контакт со реалноста , неможност да се разграничи помеѓу она што е реално и нереално, имагинарно или она што реално не постои.

Од тука таа била должна односно свесна дека употребувајќи го терминот,,Психоза“ ја стигматизира ромската заедница и  ја става под категоријата на болна етничка заедница со што ја доведува заедницата на јавна осуда, нетрпеливост, стереотипност, сегрегација и поразлична од другите етнички заедници во Делчево во негативна конотација, велат од НВО „КХАМ“.

Санела Момчилов , координатор за здравствена програма во НВО КХАМ

Санела Момчилов координатор на здравствена програма во „КХАМ“вели дека со докторката Глигоровска имале одлична соработка, не само тие како НВО туку и граѓаните Роми од општина Делчево и заради тоа се изненандени од ваквата изјава. 

“Имавме беспрекорна соработка со директорката, имавме полна доверба во неа и нејзиното работење како наша сограѓанка, учествуваше во горем број на наши проектни активности но, за наше големо изненадување од за нас непознати причини излезе со една ваква небулозна изјава која предизвика кај сите нас револт и во истиот момент се чуствуваме изиграни на сметка на нашата доверба а со тоа се прави и негативна рефлекција кон здравствената институција.

За изречените зборови коишто преставуваат тешка навреда и клевета, повреда на приватноста и повреда на професионалната тајна кај именуваната постои граѓанска одговорност и за тоа е потребно јавно да ја корегира својата изјава и дополнително да се извини на ромската заедница“, вели за НОВА Санела Момчилов од НВО „КХАМ“.  

Д-р.Марија Глигоровска директорка на Здравствен дом Делчево

Станува збор за една несреќно срочена изјава при што употребив погрешен термин, вели д-р. Марија Глигоровска директорка на Здравствен дом во Делчево. Таа потенцира дека после оваа изјава била толку многу нападната на социјалните мрежи што и  животот и загорчил и дури размислува да се отсели до Делчево.

“Тоа беше една несреќно срочена изјава, употребив погрешен термин бидејќи бев многу возбудена кога давав изјава пред медиумите. Ќе им се извинам, зошто да не. Јас сум возрасна жена, со 40 годишно работно искуство, ренгенолог, без никаква дамка и многу сум разочарана. Дури размислувам да се пензионирам и да се отселам од градот“, изјави за НОВА, директорката Глигоровска.

Од НВО сепак, бараат од надлежните институции да превзмат се што е во нивна надлежност во врска со конкретниот случај  за понатамошно спречување и заштита на пациентите.

„Согласно лекарскиот етички кодекс, законот за заштина на правата на пациентите, закон за заштита на лични податоци,  лекарите се должни да ги почитуваат правата на пациентите, јавно да не ги изнесуваат тајните што ќе му бидат доверени во вршењето на професијата, а професионалната тајна треба да им биде на прво место, за да не се изгуби довербата во нив, и да не ги изнесуваат нивните особености“, велат од НВО„КХАМ“.

Од таму потенцираат дека според многубројните коментари на социјалните мрежи очиглено е дека се повредени емоциите и чувствата на Ромската етничка заедница и велат дека “во најмала рака она што може да го стори директорката е јавно да ја корегира својата изјава и јавно да се извини на Ромскиот народ за изнесените навреди и клевети за  што е предвидена граѓанска одговорност“.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.