Собранието се очекува да работи до 10 март, а потоа ќе следува прекин поради одржувањето на претседателските избори на 13 април.
Седницата за пратенички прашања би требало да се одржи на 27 февруари, односно последниот четврток во месецот.
Во текот на 2013 година во Собранието на Република Македонија биле донесени 349 закони, од кои 97 по скратена постапка и три по итна постапка.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој денеска презентираше Извештајот од работата, истакна дека е задоволен од сработеното. Недовршени останаа седниците за составот на Лустрациска комисија и за бранителите.
Најдолга пленарна седница била 74-тата, која траела десет работни дена или 56 часа и 30 минути. Во работни часови најдолга била 72. седница – 65 часа и 15 минути, а најкратка седница била 73-тата на која пратениците работеле само 10 минути.
Од 349-те донесени закони, на 304 закони предлагач била Владата, додека 11 биле предложени од пратениците.
Велјановски најави дека од утре Собранието ќе биде присутно на популарните социјални мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“.




