Published: Wednesday, February 5, 2014 18:31
Во врска со прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ, Министерството за култура информира дека фирмата „Секјурити груп сервиси“ (СГС) која е задолжена за обезбедување, мониторинг и противпожарна заштита на објектот „Порта Македонија“ и Музејот на македонската борба е избрана во најтранспарентна постапка, на јавен повик како најповолен понудувач на електронска аукција, во согласност со Законот за јавни набавки.
СДСМ: Фирмата СГС склучила 28 договори со институции под контрола на ВМРО-ДПМНЕ
Не е коректно, ниту професионално, господинот Манчевски да се служи со пласирање на дезинформации со кои се нарушува угледот на одредени фирми кои на транспарентен начин биле избрани, согласно сите важечки прописи во Република Македонија.




