Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пунктот за брисеви за Ковид во станбена зграда во Струмица-соседите бараат да се дислоцира

0
By Менче Атанасова Точи on August 25, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 25, 2020 15:32

Во центар на град во станбена зграда се наоѓа единствениот пункт во Струмица во кој се земаат брисеви за Ковид. Просторијата каде што се земаат брисеви е на општината, а внатре се вршат услуги за потребите на Центарот за јавно здравје при Здравствениот дом.

Во зградата има осум станови чиј влез е на само неколку метри од влезот на пунктот. Станарите од зградата и околните куќи, како и таксиститите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надор секојдневно чекаат луѓе за брисеви кои се потенцијални носители на вирусот. Особено што доаѓаат и пациенти за контролни брисеви, кои се позитивни на вирусот.

Иако влезот на пунктот каде што се земаат брисеви е од надвор, станарите на зградата со број 39 на улица„Димитар Влахов“  се загрижени и бидејќи, како што велат, луѓето доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат од тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите во нивниот влез.

Станарите се вознемирени и уплашени бидејќи како што велат се претежно стари луѓе, хронично болни, а таму живее и девојка со еден бубрег за која велат е особено ризично ако дојде во контакт со вирусот. Тие бараат пунктот да се дислоцира бидејќи како што велат,  преставува опасност не само за станарите и за околните куќи, туку и сите граѓани бидејќи е на  фрекфентна улица. Во писмото наменето до надлежните веќе се потишани 40 граѓани, станари од зградата и околните куќи, како и таксистите.

 “Луѓето чекаат надвор и пред нашиот влез, некогаш седат и на скалите во влезот. Влезот од вратата на пунктот е одалечен само 4 метри и тука некогаш има многу луѓе што чекаат за земање на брисеви. Во влезот сме стари и хронично болни луѓе,  има и девојка со еден бубрег и за неа е особено ризично.

Ние сме исплашени и не се чувствуваме безбедни. Згора на се илјадници луѓе поминуваат по оваа улица и се мешаат со луѓето кои чекаат пред пунктот за брисеви за Ковид,“, велат за НОВА, станарите од зграда на улица „Димитар Влахов“ 39.

Веднаш до зградата се наоѓа и католичката црква која е посетувана од многу луѓе. Ова е единствениот пункт каде се земаат брисеви за Ковид, а тука освен од Струмица и околината доаѓаат и пациенти од Валандово, Радовиш, Штип, Куманово, кога таму нема слободни термини во„Мој термин“.

Како може да се види од првото видео и медицинската сестра на излегување од пунктот не носи заштитна маска додека ги носи брисевите во возилото.

Од спротивната страна е општата болница и Брзата помош. Станарите велат дека доколку пунктот не се дислоцира ќе бидат принудени на порадикални мерки, да излезат на протест и да го блокираат влезот на пунктот.

НОВА го контактираше директорот на Здравствениот дом во Струмица, д-р. Петре Витанов кој е надлежен за Центарот за јавно здравје. Тој смета дека пунктот не преставува опасност за станарите ниту за граѓаните кои поминуваат од тука бидејќи луѓето што чекаат носат маски и ракавици. Но, смета дека е поризично доколку пунктот биде сместен во здравствена установа бидејќи пациентите што доаѓаат за брисеви може да го згрешат влезот и да се помешаат со другите пациенти.

„Нема никаква опасност по станарите ниту по граѓаните бидејќи луѓето што доаѓаат за брисеви носат маски и ракавици, така им е кажано, а се се дезинфицира внатре. Тоа се потенцијално суспектни случаи, но доаѓаат и за контролни брисеви по 14 дена изолација, тие што се позитивни.

Згора на се ова не е толку фрекфентна улица, на 1,5 киломатар е од центарот на градот. Сметам дека е најсоодветна локација бидејќи од спротивната страна е Брзата помош и општата болница, така што ако на некој од нив му се слоши веднаш да се интервенира. Опасноста е поголема доколку пунктот е во здравствена установа бидејќи може да го згрешат влезот и да се помешаат со другите пациенти“, изјави за НОВА, директорот Витанов.

На прашањето зошто медицинската сестра која ги носи брисевите до возилото не носи маска, д-р.Витанов со одговор дека сталакот со брисеви е дезинфициран и не преставува никаква опасност. Тој рече дека медицинските лица внатре се со скафандер, а пред да излезат го соблекуваат и го фрлаат бидејќи е контаминиран.

Директорот д-р.Витанов рече дека е расположен да организира средба со станарите на која ќе биде присутен и градоначалникот  на Струмица за да им објаснат зошто не треба да се плашат и дека нема никаква опасност по нивното здравје.

Како ќе се реши овој случај и дали ќе се произнесат и другите надлежни институции во здравството , останува да се види. Струмица е голем град со повеќе здравствени објекти и за граѓаните кои не контактираа е невообичаено брисеви за Ковид да се земаат во станбен објект лоциран до улица каде поминуваат луѓе.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.