Според извештајот за пристапување на земјата кон ЕУ кој ќе се гласа денеска во Европскиот Парламент, ЕУ треба да ја награди ПЈРМ со статус на „функционална пазарна економија“, бидејќи ужива слобода пред половина од постоечките земји-членки на ЕУ.
По приватниот состанок со шефот на дипломатијата на Грција, Евангелос Венизелос, европратеникот Ричард Ховит побарал од сегашното грчко претседавање со ЕУ да го заврши и застојот со земјата. Тие исто разговарале за опциите како да се придвижи процесот меѓу двете земји.
Извештајот за кој според наводите, денеска треба да ја добие довербата на мнозинството, исто така потенцира за прекин на долгиот проблем со името помеѓу Атина и Скопје, но исто така ја крши досегашната практика, ставајќи го во прашање кредибилитетот на постоечката рамка на ОН во која се бара решение.
Во однос на предлогот за награда на земјата со статус за „функционална пазарна економија“, Ховит пред пратениците синоќа рече дека со тоа, земјата би станала прва во регионот со таков статус.
„Индексот на економска слобода, објавен од страна на Вол Стрит Џурнал минатиот месец, веќе ја става земјата пред 13, веќе постоечки членки на ЕУ“, изјави тој.
Според известувачот за Македонија, со ваков статус би се гарантирале странските инвестиции и би се отворила можност во прерогативите на ЕК, за конкретни чекори за интерес во земјата во однос на идното членство во Унијата.
Во однос на името, Ховит вели грчкото претседавање би било идеално да се обнови залогот за Македонија, за која Ховит вели, е најзадржана во процесот.
„За прашањето за името, јас секогаш се спротиставував на изјавите во ЕП кои би можеле да го комплицираат а не да придонесат за решавање на спорот“, вели Ховит. „Но оваа година, после 20 години напори, се надевам дека мојот извештај за прв пат ќе помогне во ЕП да се фрли сомнеж за постоечката рамка на ОН за решавање на спорот“.
Известувачот за Македонија, Ричард Ховит ќе допатува во Скопје следната недела за да разговара за резултатите од гласањето на извештајот.




