Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ: Пунктот за земање на брисеви за Ковид во Струмица се затвора и ќе се дислоцира

0
By Менче Атанасова Точи on August 27, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 27, 2020 15:42

Пунктот за земање на брисеви за Ковид во Струмица ќе се затвори и дислоцира. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде решение со кое му наложи на ЦЈЗ, пунктот веднаш да престане со работа и итно да бараат нов простор во склоп на јавна здравствена установа за да нема застој во земањето на брисеви, потврдија за НОВА од ДСЗИ.

„ДСЗИ издаде решение за забрана за работа на пунктот на Центарот за јавно здравје во Струмица за веднаш да престанат со работа и го задолжи директорот да го дислоцира и под итно да обезбеди соодветна просторија на ЈЗУ“, потврди за НОВА, д-р. Ирина Сотирова Бухова,  директорка на ДСЗИ.

д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ

Како што објави НОВА единствениот пункт за земање на брисеви во Струмица се наоѓа на фрекфентна улица во близина на центарот, во станбена зграда и иако е со посебен влез, луѓето кои доаѓаат за брисеви стојат на тротоарот каде поминуваат многу луѓе.

Просторијата каде што се земаат брисеви е на општината, а внатре се вршат услуги за потребите на Центарот за јавно здравје. Реагираат станарите од зградата чиј влез е одалечен 4 метри од влезот на пунктот, но и соседите од околните куќи, како и таксистите.

Тие се уплашени и вознемирени бидејќи како што велат надор секојдневно чекаат луѓе за брисеви кои се потенцијални носители на вирусот. Особено што доаѓаат и пациенти за контролни брисеви, кои се позитивни на вирусот.

Станарите на зградата со број 39 на улица„Димитар Влахов“ кои се јавија во НОВА,  се загрижени и бидејќи, како што велат, луѓето доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат од тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите во нивниот влез. Во близина е и католичката црква, а наскоро тука ќе поминуваат и ученици до четврто одделение за на училиште.

Станарите велат дека во зградата се претежно стари луѓе, хронично болни, а таму живее и девојка со еден бубрег за која велат е особено ризично ако дојде во контакт со вирусот. Тие бараат пунктот да се дислоцира бидејќи како што велат,  преставува опасност не само за станарите и за околните куќи, туку и сите граѓани бидејќи е на  фрекфентна улица. Во писмото наменето до надлежните веќе се потишани 40 граѓани, станари од зградата и околните куќи, како и таксистите.

Директорот на Здравствениот дом во Струмица, Петре Витанов кој е надлежен за Центарот за јавно здравје вели дека пунктот не преставува опасност за станарите ниту за граѓаните кои поминуваат од тука бидејќи луѓето што чекаат носат маски и ракавици. Но, смета дека е поризично доколку пунктот биде сместен во здравствена установа бидејќи пациентите што доаѓаат за брисеви може да го згрешат влезот и да се помешаат со другите пациенти.

По објавување на сторијата на НОВА, инспектори од ДСЗИ веднаш отидоа на терен, во пунктот, по што инспекторатот донесе одлука пунтот за се затвори и да се дислоцира.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.