НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде застана проектот Електронска здравствена картичка

0
By Менче Атанасова Точи on February 6, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Нема официјално објаснување од Министерството за здравство зошто 310 000 македонски граѓани се уште не ги добиле електронските здравствени картички. Иако граѓаните на време уплатиле по 250 денари од картичка, а пензионерите и невработените по 100 денари, се уште со месеци наназад чекаат да ја добијат легитимацијата која преставува замена за сините картони и здравствената книшка. Кога ќе се пресмета овој износ, се доаѓа до сума од најмалку еден милион евра, пари кои ги уплатиле граѓаните на сметката на Фондот за здравствено осигурување.

Во подрачните единици на Фондот во неколку градови во внатрешноста, каде се обрати НОВА велат дека картички немаат добиено од октомври минатата година и дека секојдневно се соочуваат со револтирани граѓани кои бараат објаснување за повеќемесечното чекање.

-Јас за електронската здравствена картичка чекам осум месеци иако платив 250 денари. Секој месец се интересирам , прашувам што е со ЕЗК, а службениците во Фондот само креваат раменици, вели револтирано еден граѓанин.

Во Фондот за здравствено осигурување велат дека надлежно за овој проект е Министерството за здравство кое е потписник на договорот со хрватската фирма АКД, која има свое претставништво во Македонија. Од таму посочија дека имало проблем, односно застој во испораката извесен период, но за подетални информации не упатија на адреса на ресорното министерство.

Во Министерството за здравство тврдат дека нема проблем. Во секторот кој работи на оваа проблематика велат дека тие како институција се само потписници на договорот, хрватската фирма АКД која ги изработува, по редот на нештата електронските картички треба да ги праќа во Фондот.

-Доставувањето на ЕКС е директно во надлежност на Фондот, како се персонализираат картичките така се доставуваат до подрачните единици и до матичните лекари. Од наша страна нема проблем, останува да провериме каква е испораката во Фондот, изјави Милан Аризанковски проект менаџер во Министерството за здравство.

Тој во телефонски разговор сепак, објасни дека имало застој во ноември кој траел еден месец, но бидејќи се потпишал нов договорот со хрватската фирма, сега се било во ред.

Сепак, 310 000 граѓани кои поднеле барања, се уште чекаат да ги добијат своите здравствени картички. А, картичките не се испорачуваат.

Извори во Министерството за НОВА сепак, тврдат дека хрватската фирма не испорачувала поради некои несогласувања во Министерството за здравство. Наводно имало проблем со софтверскиот систем,односно постојано паѓал системот за електронските картички. Тоа било во ноември минатата година, што се случува сега никој не знае да каже.

На веб страната на Министерството за здравство нема податоци, дали и кога е потпишан новиот договор со хрватската фирма АКД. Надлежните вчера вешто го избегнаа одговорот, а денеска никој не одговараше на телефонските повици и на електронските пораки.

Што се случува со електронските картички и парите на граѓаните останува мистерија. Според досегашните најави од Министерството за здравство до јуни сите граѓани мора да имаат вакви картички, а лекарите да набават читачи бидејќи системот ќе биде комплетно електронски.

НОВА стапи во контакт и со Фирмата АКД, односно со директорот за продажба во Македонија. Го прашавме каде е проблемот, зошто граѓаните не можат да ги добијат картичките кои ги платиле.

– Не можеме да коментираме ништо, тоа е прашање кое треба да го упатите до вашето Министерство за здравство, кратко одговори Томислав Лиели директор за продажба за Македонија.

Иако првично беше предвидено да бидат бесплатни бидејќи за целиот проект имаше обезбедено 7, 5 милиони евра, министерот Тодоров сепак одлучи електронските картички граѓаните сами да си ги купуваат. Од парите на граѓаните за оваа намена се собраа од 7 до 8 милиони евра.

Пред две години претходната фирмата која во 2009-та го доби тендерот вреден 3,1 милион евра се жалеше дека Министерство доцни со исплаќањето на ратите со што го кочи целиот проект. За што се работи сега останува да одговори ресорното министерство.

Инаку, една од основните забелешки во Ревизорскиот извештај на Министерството за здравство беше посочена токму имплементацијата на проектот Електронска здравствена картичка. Ревизорите откриваат дека на овој проект, како и на проектот за интегриран здравстен информатички систем и целокупната информатизација на здравството работи само едно редовно вработено лице на позиција советник и 6 ангажирани преку агенција за привремени вработувања. Ревизијата констатирала дека тоа е ризик и дека е во спротивност со актот за систематизација за Секторот за информатичка и комуникациска технологија според која треба да видат вработени 17 извршители.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.