Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби до Управен суд за начинот на избор на мандатите на дополнителните 8 пратеници

0
By Нова ТВ on September 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 7, 2020 13:37

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието на Република Македонија, информира Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.

Тој денеска изјави дека и покрај реакциите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во која укажале дека, како што рече, е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на кој што владејачкото мнозинство го направило.

-Преку предлог на Комисијата за верификациони работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници. Сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада, истакна Јанушев.

Тој напомена дека и на почетокот на седницата за избор на Влада укажале дека, како што потенцира, тие осум луѓе не се верификувани и не станале пратеници на начин на кој што е пропишано со Деловникот, што дава еден огромен нелигитимитет и нелегалност на изборот на целата Влада.

-Очекувам од Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите кои што денеска ги доставивме и да одлучи врз основа на словото на Законот, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека немаат никаква информација дали воопшто одлуките за прогласување на вонредната состојба се доставени до Собранието.

-Апелираме, не само одлуките за вонредната состојба, туку и сите уредби кои што оваа Влада ги донесе со законска сила во целиот односно предизборен период што е можно побрзо да се најдат на дневен ред за разгледување од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија, рече Јанушев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.