Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите, судството – меѓународната заедница бара одговори од Владата на Р.М.

0
By Влатко Чаловски on February 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 7, 2014 14:20

Судството, состојбата со медиумите, законодавството, злоупотребата на притворот, ова се најчесто полињата за кои меѓународната заедница бара одговори од Владата на Република Македонија.

Во Универзалниот периодичен преглед на ОН, кој претставува уникатен процес во кој е вклучен преглед на состојбата со човековите права за сите земји-членки на ОН под покровителство на Советот за човекови права, земјите како Република Чешка, Белгија, Германија, Шпанија, од власта во Македонија бараат да покаже какви мерки планира за совладување на влошените ситуации во одредени сегменти.

Воедно, овој процес претставува можност за државите да се изјаснат за дејствувањата и за плановите со цел да се подобрат човековите права и да ги исполнат своите обврски пред меѓународните регулативи.

– Република Чешка е загрижена за влошената состојба со слободата на медиумите во земјата последниве години. Какви чекори планира да преземе Владата на ПЈРМ со цел да ја заштити оваа слобода, особено во однос на објективноста на медиумските регулатори и јавните радиодифузери, како и безбедноста на новинарите?, се вели во едно од прашањата поставени за владата на премиерот Груевски од страна на Чешка.

Земјата на Милош Земан понатаму бара одговор за тоа какви мерки се предвидуваат, како и институционална поддршка за медиумите и новинарите во Македонија, кои се соочуваат со притисок и закани за време на својата работа.

На оваа тема се надоврзува и Белгија, односно претставниците на земјата каде што се наоѓа седиштето на ЕУ, прашува дали Владата на Македонија размислува за организирање консултативни состаноци со претставниците на новинарските здруженија со цел да се решат несогласувањата околу новиот Закон за медиуми.

– Словенија би сакала да се информира во однос на плановите за решавање на барањата од страна на граѓанското општество и особено новинарските здруженија за измени во новите закони кои се однесуваат на медиумите со цел да се обезбеди слобода на мислење и изразување како и независност и транспарентност на медиумите, се вели во прашањата доставени од Словенија за македонската Влада.

На грижите и прашањата во однос на медиумската слобода и влошената состојба со медиумите, се надоврзува и Шведска, изразувајќи загриженост и за јавното огласување на Владата на Груевски за политички цели.

„Поради извештаите за лошата состојба со слободата на медиумите и недостатокот на консултации со граѓанското општество за најновите нацрт-закони за медиумите, финансирањето на јавните огласи за политички цели и самоцензура, Шведска се интересира какви мерки предвидува Владата на ПЈРМ со цел да се подобри сегашната ситуација со медиумската слобода во земјата“, стои во поднесените прашања на земјата.

Многу дамки минатата година беа фрлени и врз судството, особено по притворањето на новинарот Томислав Кежаровски, случај за кој барања и петиции да се брани од слобода потпишуваа транспарентни институции како Обединетите Нации, ОБСЕ, Меѓународниот ПЕН, Регионалните здруженија на новинари, како и домашните новинарски здруженија (ЗНМ, ССНМ… ).

Една од најмоќните земји во Европа, Германија би сакал да знае дали Владата ќе дозволи независно преиспитување на обвиненијата и пресудите во случаите каде што се претпоставува политичко влијание во судството.

Како објаснување на прашањето се вели:

„Бидејќи релевантни меѓународни набљудувачи како ОБСЕ и Советот на Европа индицираат дека постојат случаи каде власта се меша во судството и речиси во сите случаи со политичка позадина, правото на обвинетиот за жалба е значително попречено преку доцна испорака во пишана форма за причините за пресудата, тоа претставува кршење на законските рокови“.

Понатаму во доставените прашања од Германија се образложува дека постојат индикации за голем број на притвори и казни исклучиво врз основа на сведочење на заштитен сведок, по што Германицте ги интересира дали Владата ќе дозволи независен мониторинг на таквиот вид случаи.

Шведска на оваа тема бара да се одговори какви мерки власта во Македонија предвидува со цел да ја зголеми довербата на јавноста во судството и да се обезбедат јасни и транспарентни процедури за пред-судските притворања.

Неодамна, и САД изрази загриженост за мешање на власта во судството и медиумите, како и селективното гонење на политичките противници, и веродостојните извештаи за корупцијата во Владата. На седницата на Советот за човекови права при ОН која се одржа во Женева, во забелешките изнесени од страна на САД исто така се изразува загриженост за користењето на владините ресурси за партиски цели.

>> САД имаат веродостојни извештаи за корупција во Владата

Од останатите теми за кои Мексико, Шпанија, Белгија, Германија, Шведска се интересираат – се однесуваат на мерките за превенција на насилство врз жените, за промовирање на жената во јавниот сектор во прилог на родовите квоти, за стратегии наменети за подобрување на ситуацијата со Ромската популација како и усогласувањето на македонското законодавство со обврските од Римскиот статут.

Воедно, Универзалниот периодичен преглед е креиран од страна на Генералното собрание на ОН на 15 март 2006 година. Се работи за кооперативен процес во кој до Октомври 2011 година, е разгледана евиденцијата со човековите права на сите 193 земји членки на ОН. Во моментов, не постои ниеден друг универзален механизам од ваков тип.

Инаку, извештаите на земјите се клучна алатка на Советот, кој ги потсетува земјите за нивната одговорност за целосно почитување и имплементирање на човековите права и фундаменталните слободи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.