Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка ги избриша податоците: Грешно се толкувани,тестови за Ковид немаше пред 2020

0
By Менче Атанасова Точи on September 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 9, 2020 13:41

За да се расветлат погрешните толкувања што се случија последните денови, податоците на страницата на Светска банка се ажурирани за да ја одразат реалноста-тестовите за Ковид -19 не постоеја пред 2020 година, велат од Групацијата 

Светска банка ги избриша податоците за набавките за Ковид-19 кои се однесуваа на 2018 година и ги замени со технички термини кои се користеле и претходно, заради, како што објаснуваат погрешното толкување во јавноста. Ваквата промена следува откако во јавноста имаше реакции и напади во смисол на тоа, како е можно Банката да набавувала реагенси на Ковид кога за вирусот не се знаело дотогаш.

За нашата држава беше наведно дека сме увезувале тестови и друга медицинска опрема, инструменти и апаратура потребна за дијагностичките процедури во вредност од над 9 милиони долари со вкупна тежина од над 6 тони.

Овие реакции, напади и масовни споделувања на социјалните мрежи беа особено изразени од подржувачите на т.н. Теории на заговор, но и кај сите оние кои имаат дилеми во врска со пандемијата или пак, не веруваат во вирусот.

Од Светска банка објаснуваат дека пред епидемијата со Ковид-19, многу медицински производи кои со години се следат во нивната база на податоци беа со технички термини, како на пример тестирањата кои се вршат со разни типови на реагенси.

„Кога тест комплетите за Ковид-19 беа развиени во јануари 2020 година, тие беа класифицирани од царинските службеници користејќи ги овие наследени класификации.

Во март 2020 година, со оглед на зголемената важност на овие производи во дијагностицирањето и лекувањето на Ковид-19, СЗО и Светската царинска организација(СЦО) издадоа список на клучни производи за Ковид-19 за полесно да ги следат. Тие им ставија на овие производи технички описи поврзани со Ковид, како што се “китови за тестови за Ковид-19 .” Оваа листа вклучуваше широк спектар на претходно постоечки медицински материјали вклучувајќи вентилатори и средства за дезинфекција на рацете.

Од истата причина за полесно следење, тимот на Светска банка создаде специјална база на податоци користејќи ја листата на Светската царинска организација (СЦО), заедно со новите називи и описи на СЗО и СЦО. Целта беше да се стават информации за клучните медицински материјали поврзани со Ковид на едно место за да можат лесно да се најдат.

Сепак, за да се расветлат погрешните толкувања што се случија последните денови, податоците на страницата на Светска банка се ажурирани за да ја одразат реалноста-тестовите за Ковид -19 не постоеја пред 2020 година.

Она што пред неколку дена беше означено како „ Ковид -19 сетови за тестирање “(со ознака СЦО ) сега е правилно означено како„ Медицински тестови “. Слични прилагодувања за разјаснување се направени и на друго место на веб-страницата.

Но, главната база на податоци ги задржува сите оригинални технички описи и називи што постоеле пред појавата на Ковид-19, се вели во соопштението.

Од Групацијата на Светска банка  велат дека од почетокот на кризата преземаат големи и брзи активности за да им помогнат на земјите во развој да ги зајакнат своите системи за одговор на пандемијата и здравствената заштита.

„Ние веќе даваме итна поддршка на земјите кои сочинуваат 70 проценти од светската популација. Работиме на проекти кои имаат голем обем и влијание,  им помагаат на земјите да спроведат итни „операции“ во здравството, да ги заштитат најсиромашните домаќинства и да ги зачуваат работните места и деловните активности, велат од Светска банка.

Со ова, се расчистија шпекулациите дека нашата држава набавувала тестови за Ковид -19 уште во 2018 година и дека знаела однапред за пандемијата.

Податоците дека сме увезувале тестови и друга медицинска опрема, инструменти и апаратура потребна за дијагностички процедури во вредност од над 9 милиони долари со вкупна тежина од над 6 тони, всушност покажуваат дека се работи за редовен увоз на медицински потрошен материјал и друга неопходна опрема која се користи во сите други медицински процедури, а кои бараат степен на заштита на медицинските лица. Уште пред да стигне објаснувањето од Светска банка, од Институтот за јавно здравје беа децидни:

„Во 2018 година набавуваме тестови за другите коронавируси, вклучително MERS  и SARS, но не и за SARS  Cov-2“.

ПСР тестовите и тестовите за скрининг на антитела не се измислени за време пандемијата со коронавирусот, туку постојат со децении и како такви се верификувани и во Фондот за здравство, а последната промена на цената пред појавата на пандемијата со Ковид -19 беше во 2013 година.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.