– Владините платени плукачи навистина ги потценуваат македонските граѓани. Мислат дека граѓаните не ја знаат разликата помеѓу „вистинскиот CNN“ и неговата отворена рубрика „iReport„ на која секој човек од планетава може да прати свој текст и фотографија, реагира Радмила Шеќеринска за НОВА по пишувањата на некои портали кои во јавноста важат за провладини, за текстот за пратеничката на СДСМ, и „Дајнерс“ каде што работи нејзиниот сопруг.
Според неа, вистинскиот CNN е заинтересиран за други прашања: на пример, дали власта Скопје го претвара во забавен парк, но дека владините мегафони не го пренесуваат тоа.
>> CNN: Дали главниот град на Македонија се претвора во парк
– Очигледна е нервозата на власта поради документите кои ги објавуваме, а кои го докажуваат нејзиниот криминал. Благодарение на неколкумина новинари-истражувачи, стана јасно дека дел од тие криминални мрежи се портали и лица од медиумскиот бизнис кои долги години цицале од македонскиот буџет, вели во изјавата Шеќеринска.
Нарекувајќи го новинарство за пример, потпретседателката на СДСМ вели за да се покријат, тие мора побезобразно да лажат и измислуваат афери, и надополни дека Нетпрес од Белизе ќе ја цитира Република од Карибите, која ќе ја пренесе истата вест што Курир ја „спружил“ на англиски на iReport.




