НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои зборови да се одберат, браќа Б’лгари

0
By Биљана Секуловска on September 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

А што повеќе да се каже, после најновиот обид на Бугарија да се смени македонската историја и идентитет, преку Меморандум на официјална Софија, испратен до земјите-членки на ЕУ. Кои зборови да се одберат, како со благост и милост да се пристапи, кој тон е соодветен, како да се спушти тензијата, а никој да не се чувствува навреден, отфрлен и понижен.

Но, дилеми не може да има за тоа каков одговор мора да следи, ако се знае дека Бугарија пишува во Меморандумот дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 2 август, 1944 година. Понатаму, се објаснува дека формирањето на македонската нација е проект на Белград, меѓу двете светски војни, со цел да се поткопа бугарскиот идентитет и да се создаде нов, јужносрпски, кој бил неуспешен. Потоа, дополнуваат- Јосип Броз-Тито по Втората светска војна, форсирал друг, нов идентитет- а тоа е македонскиот.

Oдговорот за бугарските барања  одамна е познат и јасен и јавно е кажуван, кога станува збор за македонскиот идентитет- јазикот пред се, културата, свеста за сопственото постоење, која се врзува подоцна и со националноста.  Но, сетете се на апсурдноста на документарецот кој е достапен на Ју Тјуб- “Чија е оваа песна”? Тоа е вечното прашање на Балканот, најсмешното и најпатетичното од сите, околу кое се спори со векови. За една песна, се грабаат и се удираат во гради сите, се мразат и засакуваат во исто време кога ќе се запее, се разгоруваат и збеснуваат, и- повторно се фрлаат во прегратки, додуша железни, за да не се земе здив. Понекогаш сепак се замислуваат, сфаќајќи колку немаат право да се разјадуваат, да се глодаат до коска.

Чија е оваа песна, браќа Балканци, не е сигурно ваша, а секако не е ни наша. Не може да биде ни заедничка, ниту нечија туѓа, на друга земја. Таа битка за песната е се што може да смисли еден човечки ум, кога е запенавен и поразен од сопствените фиксации, и само тоа го одржува во живот, затоа што замислува дека вековите се вратиле наназад, обележани со крвави походи и глад за отсечени јазици.

Така изгледа и патот на Македонија, низ вековите, исто како и оваа песна- сите ја посакувале и добивале, и пак ја губеле и ја поткусурувале, низ војните и вековите, и- така изгледаат нечии соништа  и денес. Но, за разлика од песната, Македонија точно се знае чија е и кој живее тука, на кој јазик говориме и сонуваме. Ја пееле и ја жалеле, ја сакале, сожалувале и исмевале и- сепак, пак се надевале дека е ќе стане нивна, или дека е веќе освоена, но фантазирале дека не сме доволно освестени, замислувале дека создале на ова парче колективна гробница од меморијата низ вековите.

Понекогаш изгледа дека Балканот нема ниту најмала шанса да се претвори во нешто разумно и свесно за туѓото постоење, а не само за себе, и сопственото искривено и лажно огледало.  Тука земјите постојано тонат откако веќе за миг испливале, затоа што тие велат- но, не, тоа не оди баш така ништо мазно, ништо лесно. Затоа што повторно сакаат да се вратат на старите, добро познати ним, борбени позиции- да се нема мир, ниту починка. Тоа е старата болка, откако е светот, и тоа е така, а зошто и до кога, никогаш не се прашуваат.

Примитивизмот и глупавоста отсекогаш имале највисока цена на пазарот на политиката на Балканот, тоа историски бил непогрешлив рецепт за водење на државите. Сепак, понекогаш имало, дури и се уште има исклучоци- тоа се поинаквите лидери од оние што Балканот обично ги знае, оние кои ставија крај на македонско- грчкиот спор, кој не задира во идентитетот и заради што и беше можно да се направи компромис.  Сигурна сум дека Бугарија ќе смогне сили и ќе го пронајде конечно своето место во оние ретки, драгоцени исклучоци, заради кои и вреди да се продолжи борбата- за еден поголем, подобар свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.