СДСМ нема кредибилитет да зборува за правата и за помошта на социјално загрозените категории на граѓани, заради тоа што токму СДСМ е партијата која што ги создаде и стечајците и социјалците и невработените, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека се блокирани сметките на социјалните случаи бидејќи не платиле радиодифузна такса.
-Кај македонските граѓани СДСМ ќе остане запаметена и одбележана како партија која што никогаш искрено не се грижеше ниту за социјалците, ниту за стечајците, ниту за пензионерите, туку напротив се грижеше и водеше сметка само за своите олигарси. Секогаш говорите им се полни со ветувања, но никогаш кога се на власт ништо не реализирале од своите ветувања се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Од друга страна, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку активните мерки за вработување од 2007 година вработи над 30.000 илјади граѓани, меѓу кои најчесто има тешко вработливи лица и материјално необезбедени лица. Исто така, во Македонски шуми, вработени се 1600 социјално загрозени лица. Во државниот сектор вработени се и 300 лица со посебни потреби и различен хендикеп.
Од 2006 година до денес, социјалната помош е зголемена за цели 40,5%, а од март социјалната и постојаната парична помош ќе се зголеми за дополнителни 5% за децата на овие родители. Веќе трета година реализираме проект за бесплатно летување и зимување, проект кој опфаќа повеќе од 3000 семејства годишно велат од ВМРО ДПМНЕ набројувајќи ги остварувањата за кои велат дека ги реализирале пред граѓаните.




