Published: Sunday, February 9, 2014 22:17
Ќе биде голема грешка доколку албанските партии решат да ги бојкотираат претстојните претседателски избори, порача денеска премиерот Никола Груевски.
– Се надевам дека тоа нема да го направат албанските партии, а мислам дека ако го направат ќе сфатат дека направиле голема грешка, изјави Груевски.
Граѓанското движење „Разбуди се“денеска ги повика албанските граѓани и партии во земјава да не излезат да гласаат за избор на претседател на Македонија. Тие сметаат дека е најдобро претседател на земјава да се избира во парламентот со двојно мнозинство.




