Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: ВМРО-ДПМНЕ демонстрира неодговорност со одлуката да не гласа за потврдување на вонредните состојби

0
By Нова ТВ on October 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 1, 2020 11:48

Како неодговорни и спротивни на интересите на граѓаните ги оцени премиерот Зоран Заев најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието нема да гласа за потврдување на вонредните состојби што поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги потпиша претседателот на државата Стево Пендаровски, во услови кога Парламентот беше распуштен.

-Во услови на КОВИД, кога доаѓа сезона на грип, зима, некој вака несериозно да ги поставува работите е несериозно, но секој си ја носи својата одговорност, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош, по повод почетокот на учебната година.

Тој додаде дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ барал прогласување вонредна состојба, иако како што вели, воопшто не е важно гој побарал, зошто условите биле такви што тоа морало да се направи.

-Не е важно кој ја побара, ја побаравме заедно власта и опозицијата. Претседателот Пендаровски не послуша, ги слушна аргументите, одржавме состаноци и тој ја прогласи првата вонредна состојба, како и следните. Последната беше на барање на опозицијата заради изборите, немаше начин како поинаку да се организираат сосдветните законски датуми за одржување на изборите. Сега да се изјави дека не се поддржува вонредната состојба, дека нема да се гласа вонредната состојба е најблаго кажано неодговорно, рече премиерот.

Но, додаде тоа не значи дека ќе има било каква криза, бидејќи, како што потенцира системот ги има решенијата во себе.

-Процедурите мора да продолжат. Преседателот на Парламентот е должен да ги достави одлуките за вонредна состојба до преатениците. Тие треба да расправаат по нив. Не станува збор за уставна криза, ниту за некои проблеми за поништување на било какви одлуки кои се донесени, ниту пак процесот е реверзибилен, односно не може да се врати назад. Не постои ризик, истакна премиерот Заев.

Додаде дека одлуката претседателот ја донел воконсултација со правници, кои ги разгледувале сите законски и уставно можни варијанти, затоа што, како што посочи, сериозно е кога се рботи на важни одлуки, особено оние кои се носат првпат.

Тој побара солидарност од сите општествени чинители и поддршка за институциите кои треба да се справуваат со пандемијата и последиците од неа.

-Доаѓа зима. Кој знае дали ќе ни треба повторно вонредна состојба или не, кој знае дали Парламентот ќе може да се состанува или не. Ние треба да ги поддржуваме институциите без разлика дали сме опозиција власт. Потребна е меѓусебна солидарност, да покажеме поголема одговорост и солидарност оти ова е проблем со која се справува целиот свет, а полесно се справуваат со секој предизвик оние кои се солидарни имаат разбирање и ги решаваат работите низ дијалог, потенцира Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.