Published: Monday, February 10, 2014 11:41
Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, од денеска до среда е во посета на Скопје, да разговара за медиумските слободи со претставниците на владата, граѓанското општество и медиумите.
Денеска Мијатовиќ ќе се сретне со претставници на граѓанското општество. Без присуство на медиуми. А за утре е планирана средба со Премиерот Никола Груевски и Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
На средбата ќе се разговара за актуелните прашања поврзани со слободата на медиумите во земјата.
На крајот од нејзината посета во среда таа ќе одржи прес-конференцијата за новинари, информираат од ОБСЕ.




