Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Европа не нè разбира” – бугарски интелектуалци против меморандумот за Македонија

0
By Нова ТВ on October 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 5, 2020 11:30

Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ.

Во писмото „Европа не нè разбира”, што го пренесува „mediapool.bg“, тие инсистираат на „фундаментална промена на парадигмата во историското размислување” и пишуваат дека не се согласуваат „Македонија да се претстави само како земја што нe се справува со сопственото минато”. Според нив, Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодржливи и наивни тврдења против Македонија.

Потписниците на заедничкото писмо сметаат дека меморандумот не ги рефлектира достигнувањата на голем број бугарски историчари во последните децении, а е неразбирлив и за Европа.

– Не гледаме како Европа може да ги разбере тезите на некои институционално влијателни бугарски научници кои не зборуваат на јазик ниту на модерна историографија ниту на современите хуманистички и општествени науки. Меморандумот не ги одразува принципите и вредностите врз кои е изградена Европската Унија, велат во писмото. Потсетуваат дека неодамна копретседавачот на Заедничката бугарско-македонска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања Ангел Димитров изјави дека бугарскиот меморандум ги одразува достигнувањата на „бугарската историска наука”, а пред неколку дена, пак, членот на споменатата комисија Иван Илчев се пожали во бугарските медиуми дека „Европа не нè разбира”.

Поддржувачите на позицијата против меморандумот не се согласуваат Македонија да се претставува како земја што не „се справува со сопственото минато”.

– Не сметаме дека единствениот историографски проблем е „идеолошкото наследство” од „комунистичка Југославија”. Друг проблем е доминацијатата на наджиевеаното, романтично и митолошко историографско размислување во самата Бугарија. Не веруваме дека процесот на формирање на македонската нација, со сите нејзини специфики, фундаментално се разликува од начинот на формирање на другите нации, ниту пак сметаме дека може да се сведе на формулата во меморандумот за „етнички и јазичен инженеринг”. Се спротивставуваме и на претставувањето на македонската нација како плод на „југословенска пропаганда”, наведуваат потписниците на писмото.

Тие сметаат и дека наводите во меморандумот за идентитетот на „преовладувачкото мнозинство на словенското население во Македонија” се историски наивни и не одговараат на достигнувањата на модерната историографија, социјалната и хуманитарна наука. Според нив, тие наводи се предмет на застарено разбирање на „националната историја” што е несоодветно во однос на критичката историска наука денес.

– Свесни сме дека сите стандардизирани јазици се во извесна смисла вештачки колку што литературната норма секогаш интервенира во говорните дијалекти и одредува кои елементи од нив се „точни” и кои „неточни”. За нас, тврдењата за датумот на раѓање на една нација и јазик се научно непоткрепени и се спротивни на достигнувањата на историската наука, како и на општествените и хуманистичките науки воопшто. Иако го прифаќаме концептот на „заедничка историја”, ние се спротивставуваме на неговите елементарни толкувања, како и на неговата употреба за наметнување единствен наратив – во овој случај, официјалната приказна за минатото во Бугарија, подвелекуваат потпишаните бугарски интелектуалци.

Истакнуваат дека тврдењето за заедничка историја до 1944 година, еднострано толкувана како бугарска, е неубедливо. Сметаат дека концептите како што се „споделена историја” и „испреплетена историја” би можеле да го збогатат меѓусебното разбирање за минатото.

„Во меморандумот особено е смешен бројот на жртвите од југословенската комунистички режим во Македонија. Ги надминува сите разумни параметри, и го компромитира основаното инсистирање од страна на Бугарија да се придржува на факти и документи. Ние веруваме дека е потребна фундаментална промена на парадигмата во историското размислување, а за да се постигне тоа крајно време е да се отворат и бугарските медиуми, заклучуваат трисетината бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности во заедничкото писмо во кое го искажуваат своето противење на меморандум со кој Бугарија го условува стартот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.