Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистиномер: „Хациендата“ на грчкото крајбрежје е на продажба и нема врска со премиерот Зоран Заев

0
By Нова ТВ on October 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 13, 2020 17:34

Ниту вилата во Неа Мудања, Грција, е на премиерот Зоран Заев, за што се пишуваше пред неколку години, а сега тоа го потврди и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, ниту, пак, тоа е вистина за „хациендата“ на Касандра, за која се пишува сега и за која се утврди дека е на продажба од страна на грчка агенција на недвижности, чиј оглас е сè уште на интернет.

Во пост на Фејсбук линкуван е напис од портал во кој се пишува за наводната „хациенда“ на „фамилијата Заеви“ на Халкидики:

Од приложените фотографии новиот имот на фамилијата Заеви се четири огромни објекти, на самиот крај на првиот крак Касандра на грчкото крајбрежје, како и дека за разлика од вилата во Неа Мудања, новата хациенда е многу полуксузна и многу поголема, има приватен базен и е сместена на самата плажа.

По неговиот официјален демант на таквата вест, медиумот започна да пишува за богатството на семејството Заеви, користејќи множина како број на поседници на големо богатство, но со акцент на презимето, кое предизвикува љубопитност кај јавноста:

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера, но и на неколку наврати во последниве години негираше дека поседува имот надвор од Македонија, но кога станува збор за неговата фамилија тој велеше ’ќе ги прашате нив’, иако речиси цел Балкан известува дека Заеви поседуваат огромен имот во Грција.

Овој напис споделен на Фејсбук е само еден од повеќето на оваа тема, при што во нив се манипулира на разни начини. Во насловот на еден од нив е: „Видете ја новата ‘куќа-засолниште’ на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики“, во друг се вели дека „хациендата“ е на „семејството Заеви“, во трет се спомнуваат братучедите на премиерот, а во четврт, пак, братот на премиерот, Вице Заев, за кој премиерот „не кажувал“ дали објектот е негов. Со ова се замаглува вистината, се шират манипулации, се зголемува бројот на можните „виновници“, а за ништо од тоа не се изнесуваат докази.

За едно демократско општество, згора и пазарно стопанство, интересно во погледот на богатството може да биде само кон она на носителите на јавни функции и тоа гледано како разлика од стекнатиот имот пред да станете функционер и она што е резултат во вршењето на јавната работа, за евентуално да се согледа некаква злоупотреба на функцијата.

Околу тоа не би требало да постои дилема. Дали, како што се гледа од цитатот, светлата на рефлекторите треба да бидат завртени кон поширокото семејство на премиерот? До каде е опсегот на интересот на Државната комиосија за борба против корупцијата (ДКСК) во вакви околности?

– Ние говориме за семејна заедница. Тоа е границата на интересот – лица кои живеат на иста адреса и, што се вели, „јадат од исто тенџере“. Дали евентуално има некаде префрлување на богатство од една на друга сметка, односно од една на друга семејна заедница тоа е надлежност на други органи, со други ингеренции и тоа не е наш интерес кога се имотните состојби на функционерите – ни изјави претседатеолката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Во однос на наводната „хациенда во Неа Мудања“, Ивановска потврди дека за тоа претходната екипа на Антикорупциска повела постапка, но дека е утврдено оти тој имот не му припаѓа на Зоран Заев, тогаш лидер на опозицијата, па тоа прашање е ставено ад акта.

На последните две средби на членовите на Антикорупциска со претставници на власта (со вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата и со министерот за правда) побарано е да се донесе Закон за ипитување на имотот, кој би ги опфаќал можност за контрола на имотот на пошироката популација. Но, што тој Закон ќе донесе и кои органи ќе можат да се користат во борбата со корупција би се видело тогаш.

Засега е сосема јасно, од аспект на интересот на јавноста, дека не може да се прави случај поврзан со името на премиерот, ако се однесува на било кој сродник со кого тој не е во иста семејна заедница.

Случајот со наводната вила (вили) на крајот на Касандра е затворен со истражувањето на колегите од „Слободен печат“ и таа сторија, исто така, не може да се врзува со името на премиерот. Според ова истражување, крајбрежната вила од фотографијата е на продажба од страна на грчка агенција за недвижности. На страницата на агенцијата „Сузан Џејмисон“ сè уште можат да се видат фотографиите од наводната „вила на Заев“, која и понатаму е на продажба за секој заинтересиран.

Со оглед на сето ова „Вистиномер“ ја оценува оваа сторија и овој пост како невистинити.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.